Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Краделе кабли во „Железара“ – ги фатиле кога се обиделе да си го земат алатот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Краделе кабли во „Железара“ – ги фатиле кога се обиделе да си го земат алатот
ХРОНИКА

Краделе кабли во „Железара“ – ги фатиле кога се обиделе да си го земат алатот

Објавено November 1, 2025 11:25
Сподели
Сподели

Три лица се обвинети за повеќекратни тешки кражби на кабли од кругот на скопската „Железара“, откако биле уапсени при бизарен обид да си го земат алатот по посета на Ургентен центар.

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека поднело Обвинителен акт против тројцата, кои како соизвршители украле кабли во вредност од околу 440 илјади евра.

Во периодот од март до мај, обвинетите влегувале во подземните тунели во објектот на „Полуконти –ИГМ“, проверувале дали каблите се под напон, а потоа со батериска брусалка сечеле и одземале повеќе километри високоенергетски кабли, сопственост на ЕСМ Енергетика и МакСтил.

Поради нивните кражби, на 9 април настанал и пожар во трафостаницата ТС Југ. Пожарот предизвикал дополнителна штета од над 100 илјади евра за санација, како и загуба од околу 60 илјади евра поради неможноста за дистрибуција на струја.

Клопчето почнало да се одмотува на 6 мај. Тројцата обвинети дошле со возило „Фолксваген голф“ да ги подготват каблите за транспорт. Притоа, еден од нив бил повреден од удар со кабел, по што сите тројца отишле на Ургентниот центар „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

По интервенцијата, тие се вратиле во објектот за да ги земат алатите кои ги оставиле. Веднаш по излезот од кругот на „Железара“, биле затекнати и уапсени.

Обвинителството побара продолжување на притворот за сите тројца обвинети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почнува аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026, првпат се доделуваат и 15 за студии по македонски јазик
Следна Статија Ден на национална жалост утре во Албанија поради смртта на Фатос Нано

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Се апсат организаторите на концертот во Кочани

Министерството за внатрешни работи (МВР) активно работи на утврдување на причините за трагедијата, додека во тек е испрашување на сведоци…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“, обвинителниот акт доставен до одбраната

Кривичниот суд соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Воедно, оттаму информираат дека…

July 18, 2025
ХРОНИКА

Претепал дете во училиште во Кочани, па со нозе му влегол и на полицаец

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „насилство врз…

October 17, 2024
ХРОНИКА

Прегазил жена во Тетово, па избегал

Автомобил удри во 66-годишна жена во Тетово, по што возачот побегнал од местото. Сообраќајната несреќа, според информациите од МВР, се…

January 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?