Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кратко траеа преговорите меѓу Русија и Украина – барањата на Москва неприфатливи за Киев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кратко траеа преговорите меѓу Русија и Украина – барањата на Москва неприфатливи за Киев
СВЕТ

Кратко траеа преговорите меѓу Русија и Украина – барањата на Москва неприфатливи за Киев

Објавено May 16, 2025 20:18
Сподели
Сподели

Завршија првите директни мировни преговори за прекин на огнот во Украина. Москва на разговорите настапиле со нови територијални барања кон Киев, според украински извори тие за делегацијата од Украина биле неприфатливи. Засега не е откриена содржината на преговорите меѓу двете страни.

„Директните преговори со украинската страна, организирани на иницијатива на претседателот на Русија завршија токму сега. Генерално задоволни сме од резултатите и сме подготвени да продолжиме со контактот“ вели Владимир Медински, помошник на рускиот претседател на Владимир Путин

Додека траеа преговорите во Истанбул, претседателот на Украина, Володомир Зеленски замина во Тирана па отаму порача дека претседателот на Русија требал да дојде во Турција и да се соочи со него.

„Оваа недела имавме вистинска шанса да преземевме важни чекори кон завршување на оваа војна. Само да не се плашеше Путин да дојде во Турција. Вчера бев во Анкара и благодарам за приемот, претседателе Ердоган, јас бев подготвен за директна средба со Путин, без разлика дали во Анкара или Истанбул и не само за средба, туку и за решевање на сите важни прашања“ вели Володомир Зеленски, претседател на Украина

Според министерот за надворешни работи на Турција прекинот на огнот во Украина е од суштинско значење затоа што додека руската и украинската делегација преговараат за мир на фронтот има се повеќе жртви.

„Оваа средба е првиот директен контакт меѓу двете страни од март 2022 година. Мора да ја искористиме оваа можност за да напредуваме на патот кон мирот. Секој ден што повеќе доцниме предизвикува губење на повеќе животи“ вели Хакан Фидан, министер за надворешни работи на Турција

Преговорите за прекин на огнот во Украина започнаа изутрината и траеа неполни два часа. Во меѓувреме украинската делегација во Истанбул се сретна со советници од Велика Британија, Соединетите Држави, Германија и Франција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Со нив промаши пенал во финалето на СП: Kопачките на Роберто Баџо се во Скопје
Следна Статија ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Ја изгубивме Русија поради најцрната Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска на својата мрежа „Трут соушл“ (Truth social) го коментираше приближувањето на Индија, Русија и…

September 5, 2025
СВЕТ

Трамп: Непријатна е казната од 120 милиони евра за Икс, ЕУ оди во лоша насока

Американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече „непријатна“ казната што Европската Унија ѝ ја наложи на социјалната мрежа Икс (X) на…

December 9, 2025
СВЕТ

Трамп планира да унапреди лојални дипломати по отповикувањето на 30 амбасадори

Администрацијата на Трамп планира да унапреди лојални дипломати по отповикувањето на 30 амбасадори на САД во светот. Отповикувањето на амбасадорите…

December 23, 2025
СВЕТ

Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера на ЕУ средства

Судот во Париз денеска ги прогласи Марин Ле Пен, лидерката на француската крајнодесничарска партија Национален собир (РН) и уште осум…

March 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?