Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Крај на една ера: Модриќ го напушта Реал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Крај на една ера: Модриќ го напушта Реал
СПОРТ

Крај на една ера: Модриќ го напушта Реал

Објавено May 23, 2025 08:21
Сподели
Сподели

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ дефинитивно го напушта Реал Мадрид, потврди „кралскиот клуб“ на социјалните мрежи, но и Хрватот на Инстаграм со емотивно писмо.

Она што хрватските медиуми го објавија денес се оствари, Лука Модриќ повеќе не е играч на Реал Мадрид.

„Кралевскиот клуб“ го објави настанот објавувајќи фотографија со кратка порака:

„Ти благодарамe, Лука!“, пишува во објавата на официјалниот профил на Реал на социјалната мрежа „X“.

Поради оваа вест, и Лука Модриќ се огласи со објава на својот официјален профил, испраќајќи емотивно писмо до сите фанови, кое го транскрибираме во целост:

„Драги Мадридисти,

Времето дојде. Момент што никогаш не сакав да дојде, но таков е фудбалот, и сè во животот има почеток и крај.

Во сабота ќе го играм последниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“.

Дојдов во 2012 година со желба да го носам дресот на најдобриот клуб во светот и со амбиција да постигнам големи работи, но ова не можев да го замислам.

Играњето за Реал ми го промени животот, ме промени и како играч и како личност.

Горд сум што бев дел од тимот во една од најуспешните епохи во историјата на клубот. Сакам од срце да му се заблагодарам на клубот, особено на претседателот Флорентино Перез, моите соиграчи, тренерите и сите што ми помогнаа.

Доживеав неверојатни моменти во текот на овие години, некои пресврти што изгледаа невозможни, финалиња, прослави и магични ноќи на Бернабеу… Победивме сè и бев навистина среќен. Многу, многу среќен.

Но, пред сите титули и победи, во срцето ја носам љубовта кон навивачите на Реал Мадрид.

Навистина не знам како да ја објаснам врската што ја имам со вас, кои нè поддржувате, почитувате и сакате. Отсекогаш сум се чувствувал така. Никогаш нема да заборавам ниту еден аплауз, ниту еден гест на љубов што ми го упативте.

Заминувам со полно срце. Исполнет со гордост, благодарност и незаборавни спомени. Иако, по Светското клупско првенство, повеќе нема да бидам дел од клубот на теренот, засекогаш ќе бидам навивач на Реал Мадрид.

Ќе се видиме повторно. Реал Мадрид ќе биде мој дом до крајот на животот.

Да живее Мадрид и ништо друго“, рече Модриќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За првпат во Македонија потврдени два случаи на мајмунски сипаници
Следна Статија Над 60 членови на администрацијата на Трамп цел на хакерски напад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Лесни победи на Бостон и Кливленд, Хјустон изедначи против Голден стејт

Бостон и Кливленд го одбранија домашниот терен, поведоа со 2:0 во сериите против Орландо односно Мајами, додека Хјустн изедначи на…

April 24, 2025
СПОРТ

Денвер со забивање на Гордон во последната милисекунда до победа! (ВИДЕО)

Денвер Нагетс изедначија на 2:2 во серијата со ЛА Клиперс. Во ЛА, Денвер со поените на Арон Гордон, буквално со…

April 27, 2025
СПОРТ

Вардар со значајна победа во борбата за опстанок

Тимот на Вардар забележа многу важна победа (2:0) попладнево на гостувањето кај шампионот Струга. Со овие три бода Вардар барем…

February 22, 2025
СПОРТ

Ивановски освои сребрен медал, македонското знаме го развеа среде Атина

Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски освои сребрен медал во полумаратонската трка во Атина, која од годинава се…

March 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?