Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Крвав Божиќ во Белград: Внук ги застрела бабата и дедото за пари, па се обиде да се самоубие
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Крвав Божиќ во Белград: Внук ги застрела бабата и дедото за пари, па се обиде да се самоубие
БАЛКАН

Крвав Божиќ во Белград: Внук ги застрела бабата и дедото за пари, па се обиде да се самоубие

Објавено January 8, 2026 12:28
Сподели
Сподели

Најрадосниот христијански празник се претвори во место на злосторство во белградската населба Звездара. Шеснаесетгодишниот Д.П. на Божиќ се обиде да ги убие своите баба и дедо во семејната куќа, а потоа свртел пиштол кон себе.

Мотивот за овој крвав чин, според првичните сознанија од истрагата, се пари. Малолетникот наводно барал сума од 18.000 евра. Откако бабата и дедото одбиле да му ги дадат парите, тој го извадил оружјето. Дедото З.П. (68) бил застрелан директно во главата и итно е префрлен на Военомедицинската академија (ВМА) во животозагрозувачка состојба. Бабата С.П. (67) има прострелна рана во раката и е стабилна.

Откако пукал во нив, тинејџерот се обидел да си пресуди, нанесувајќи си повреди во стомакот и главата. Пронајден е во локва крв и лекарите се борат и за неговиот живот. Улицата каде се случи трагедијата со часови беше блокирана од полиција и форензички екипи кои ги собираа доказите.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рудник САСА и годинава, по традиција, обезбеди празнична поддршка за вработените и локалната заедница
Следна Статија Бадниковите поворки – плод на побожност, а не „увезена традиција“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

МАЈКА ХЕРОЈ: Лејла Залихиќ преплива три километри низ поројна вода за да ја спаси својата ќерка

Приказната за Лејла Залихиќ од Бутуровиќ Поље кај Коњиќ и нејзината борба за животот на ќерката. Нејзината 13-годишна ќерка паднала…

October 6, 2024
БАЛКАН

Српски студенти во блокада в среда тргнуваат со велосипеди до Стразбур да се обратат во европски институции

Студенти од Универзитетот во Нови Сад в среда најавија дека тргнуваат на велосипедско патување до Стразбур, со цел да го…

March 31, 2025
БАЛКАН

Во Албанија за првородено дете даваат бебешки бонус од 400 евра

Во Албанија, повеќе од 237 илјади деца оствариле право на еднократен финансиски надоместок за бебе, врз основа на програма што…

August 1, 2025
БАЛКАН

Нема кој да ги бере мандарините во Хрватска

Мандарините веќе се жолти, но прашањето е: дали има некој да ги бере? Освен берачи, потребни се и работници во…

September 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?