Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична за екс директорка на Клиничка болница Битола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична за екс директорка на Клиничка болница Битола
ХРОНИКА

Кривична за екс директорка на Клиничка болница Битола

Објавено February 20, 2026 17:34
Сподели
Сподели

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола поднела кривична пријава против Е.И. (53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”, информира Министерството за внатрешни работи.

Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во Клиничка болница Битола склучила анекси кон договорите за вработување со цел зголемување на коефициентите на сложеност на работните места и издала решенија за утврдување на висина на плата, односно унапредување во повисок степен без соодветно образование“, посочуваат од Министерството.

Како што наведуваат од МВР, на тој начин, пријавената го оштетила Буџетот на Министерството за здравство, односно Фондот за здравствено осигурување за 49.304 евра до моментот на поднесување на пријавата.

На пример, лице вработено како помошник одговорен инжинер за техничко одржување на објекти, каде било предвидено средно образование електротехника или електромашинство, било унапредено лице со академско звање – доктор на науки од областа на индустриски менаџмент и платата му била пресметувана по коефициент на сложеност кој се однесувал за профил доктор на немедицински науки, сродни на дејностите на установата“, соопшти МВР.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фокс Њуз: Врховниот суд пресуди против царините на Трамп
Следна Статија Најубава плажа во Европа за 2026 година е Елафониси на Крит

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Истрага против турски државјанин за обид убиство во Скопје: Со метален капак од шахта го удирал оштетениот во глава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил…

May 10, 2025
ХРОНИКА

19-годишен мотоциклист загина рано утрово во Прилеп

19-годишник смртно настрада во сообраќајка несреќа утрово во Прилеп. На 30.04.2026 во 06:23 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека…

April 30, 2026
ХРОНИКА

Младо момче од демиркаписко измамено за брзи кредити со неговата лична карта

На 17.02.2026 во 09:45 часот во ОВР Неготино, 18-годишник од демиркаписко, пријави дека во октомври или ноември 2025, едно машко…

February 18, 2026
ХРОНИКА

Три жени кршеле во угостителски објект, ги нападнале и газдите

Вчера во 09.55 часот во Тетово на градскиот плоштад, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Х.Џ.(34), М.Џ.(33)…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?