Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична за началничка – Си овозможила бонус плата за 2023 година иако не го исполнила условот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична за началничка – Си овозможила бонус плата за 2023 година иако не го исполнила условот
ХРОНИКА

Кривична за началничка – Си овозможила бонус плата за 2023 година иако не го исполнила условот

Објавено April 7, 2025 13:29
Сподели
Сподели

Кривична пријава против началничка на одделение во Одделот за обезбедување на личности и објекти за „злоупотреба на службената положба“ 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција Скопје, поднесе кривична пријава против С.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба“ по член 353 од Кривичниот законик.                

Пријавената, на работно место началник на Одделение за обезбедување на дипломатско конзуларно претставништво, а во моментот на извршувањето на делото на работно место началник на Одделение за обезбедување  на странски делегации и манифестации при МВР,  ја злоупотребила службената положба и овластување  на начин што си овозможила стекнување  на  право за исплата на бонус плата за 2023 година иако не го исполнила условот утврден во Законот за работните односи, односно да нема отсуство од работа повеќе од 21  ден во текот на годината.

Имено, иако била свесна дека не ги исполнува условите за стекнување со наведеното право, пријавената на 05.06.2024 изготвила список со 11 полициски службеници од Одделение за обезбедување на странски делегации и манифестации  кои оствариле услов за бонус плата за 2023 година, во кој се впишала и самата себе, а врз основа на кој подоцна и било утврдено право за исплата на бонус плата за 2023 година и биле исплатени парични средства на нејзината трансакциска сметка. 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициската службеничка и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бизарноста на американските царини: Еден клип ја поминува границата шестпати
Следна Статија Таткото на Вања за обвинетите: Ниту ги познавам, ниту додека траат рочиштата можам да ги гледам, претежно мижам

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

27-годишна кратовчанка пронајдена мртва откако паднала од зграда во Скопје

Вчера во 16:12 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на улицата „Миле Поп Јорданов“, женско лице паднало од…

January 4, 2025
ХРОНИКА

Му го одзеле возилото, возел без возачка и пијан во Неготино

Неготинец бил лишен од слобода и му било одземено возилото, откако полицијата денеска констатирала дека возел под дејство на алкохол…

February 7, 2026
ХРОНИКА

„Само кажете колку пари треба“ напишал Александар во школската група на Вања и веднаш ја избришал пораката

Велимир (Манев) и Боре (Видевски) ни кажаа дека таткото на Вања му кажал на Палчо дека Вања сама ќе оди…

October 18, 2024
ХРОНИКА

Осуденик пронајден починат во Затворот Штип

На 15.12.2025 во 10:35 часот во СВР Штип е пријавено дека во една од собите на Казнено-поправната установа – Затвор…

December 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?