Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична за поранешниот градоначалник на Струмица и уште пет лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична за поранешниот градоначалник на Струмица и уште пет лица
ХРОНИКА

Кривична за поранешниот градоначалник на Струмица и уште пет лица

Објавено December 4, 2025 14:21
Сподели
Сподели

Полицијата поднесе кривична против поранешниот градоначалник на Општина Струмица Костадин Костадинов и уште пет лица за злоупотреба на постапка за јавна набавка за електрични автобуси.

– СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(35) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, против Д.П.С.(61) од Струмица, К.Б.(37) од Богданци, Л.Ј.(63) од село Ново Село, струмичко и Л.Ѓ.(62) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ и против Г.П.(58) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека помогнал во извршувањето на кривичните дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и „несовесно работење во службата“, соопшти МВР.

Со наведените дејствија, како што се посочува, биле набавени 10 електрични автобуси за износ од 429.933.595 денари со што е причинета материјална штета од поголеми размери. Потенцираат дека со отсуството на лице со неопходните стручни квалификации и со потребната лиценца А за надзор од областа на електротехниката доведени се во прашање реалната вредност, квалитетот, безбедноста и веродостојноста на техничките спецификации на набавените електрични автобуси.

– Пријавениот К.К., во својство на поранешен градоначалник на општина Струмица ги повредил правилата на постапката за јавна набавка на електрични автобуси за потребите на ЈСП „Струмица-Транспорт“ од Струмица со ангажирање на пријавениот Г.П. како одговорно лице задолжено за одговори на технички прашања, учество во техничката евалуација на понудите, надзор над имплементацијата и целосна реализација на договорот, иако тој не ги поседувал потребните стручни квалификации и потребната лиценца А за надзор од областа на електротехниката издадена од Комората за овластени архитекти и овластени инженери. Пријавениот К.К. свесно ги повредил и прописите на постапката за јавна набавка преку договарање со Г.П. на тој начин што во тендерската документација биле наведени спецификации кои недвосмислено и речиси идентично одговарале токму на спецификациите на набавените електрични автобуси, се вели во соопштението.

Пријавениот Д.П.С., во својство на директор на ЈСП „Струмица-Транспорт“, како што се наведува, постапил несовесно и пропуштил должен надзор над целокупната постапка и имплементација на јавната набавка. Притоа на 12 март 2024 година го потпишал Договорот за јавна набавка на 10 нови електрични автобуси преку финансиски лизинг, во која постапка учествувало лице кое ги немало потребните стручни квалификации и потребната лиценца за надзор од областа на електротехниката.

– Пријавената К.Б., во својство на претседател на комисијата за јавни набавки при ЈСП „Струмица-Транспорт“, заедно со пријавените Л.Ј. и Л.Ѓ., во својство на членови на комисијата за јавни набавки, во тендерската документација за отворената постапка за јавна набавка на електрични автобуси за јавен превоз преку финансиски лизинг за потребите на ЈСП „Струмица-Транспорт“, како одговорно лице задолжено за следење на реализацијата на договорот го определиле пријавениот Г.П., кој бил носител само на лиценца Б за надзор од областа на електротехниката, не бил квалификуван за тие работни задачи во предметната јавна набавка, немал ниту право да одговара на технички прашања, да учествува во техничката евалуацијата на понудите, да врши надзор над имплементацијата и целосната реализација на договорот, стои во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АНКЕТА НА ИПСОС И ИПИС: Убедливо водство од 25-28% на ВМРО-ДПМНЕ пред сите останати партии
Следна Статија Секој трети граѓанин во земјава дал мито

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство“. Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја…

July 12, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец пронајден починат, познат неговиот идентитет

На 14.11.2024 во 14:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат…

November 15, 2024
ХРОНИКА

Србин баран од Интерпол приведен во Македонија

На 18.08.2025 во 12:08 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.М.(36)…

August 19, 2025
ХРОНИКА

57-годишен скопјанец бил фатен како подметнува пожар во Ѓорче Петров

Синоќа (07.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода Д. Н. (57) од…

July 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?