Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава за бизнисмен од Струмица, затаил данок од 1,7 милиони денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава за бизнисмен од Струмица, затаил данок од 1,7 милиони денари
ХРОНИКА

Кривична пријава за бизнисмен од Струмица, затаил данок од 1,7 милиони денари

Објавено May 9, 2026 10:13
Сподели
Сподели

Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и неговиот управител за „даночно затајување“, го оштетил буџетот на државата за над 1.700.000 денари.

Според информациите на МВР, СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект од Струмица и против Н.Б.(50) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека во четири наврати сториле кривично дело „даночно затајување“.

Пријавениот правен субјект во својство на даночен обврзник и Н.Б. – во периодот на сторување на делото управител со неограничено овластување во внатрешниот и надворешниот трговски промет на правното лице, преку одбегнување на целосно или делумно плаќање на персонален данок на доход по други основи, данок на добивка и данок на додадена вредност, со неевидентирање на промет, неточно утврдување на даночната основа преку помалку искажани приходи, повеќе искажани расходи и непризнаени расходи постапиле спротивно на законски одредби, при што во 2022 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, ДД и ПДД на вкупен износ од 357.288 денари, во 2023 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, ДД и ПДД на вкупен износ од 355.371 денари, во 2024 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, и ДД на вкупен износ од 760.763 денари и во 2025 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, ДД и ПДД на вкупен износ од 247.080 денари.

Со таквите дејствија, пријавените се стекнале со вкупна противправна имотна корист, односно предизвикале штета на буџетот на државата за вкупен износ од 1.720.502 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ден на Европа – оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“
Следна Статија Македонец во Италија ја убил сопругата, па се обидел да се самоубие на гробот на нивниот син

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Разбојник со пиштол ограбил продавници за брзи кредити, а оружјето го фрлил во Вардар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за две одвоени кривични…

October 26, 2025
ХРОНИКА

Приведени две лица во при обид да ограбат маркет во Чаир

Полициски службеници од СВР Скопје денеска ги лишија од слобода А.Х. (23) и Е.А. (19), кои насилно влегле во маркет…

September 6, 2025
ХРОНИКА

МВР распиша меѓународна потерница по Александар Лазаров – Цуна откако побегна низ прозорецот на полициска станица Кочани

МВР распиша меѓународна потерница по Александар Лазаров - Цуна, наркодилерот кој скандалозно избега од прозор од полициската станица во Кочани…

July 13, 2026
ХРОНИКА

Притвор за малолетникот и уште едно лице кои со автомати убија човек во Тетово

МВР потврди дека е одреден 30-дневен притвор против 15-годишникот и против уште едно 37-годишно лице, кои во неделата убија човек…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?