Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава за градоначалник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава за градоначалник
ХРОНИКА

Кривична пријава за градоначалник

Објавено February 26, 2025 21:26
Сподели
Сподели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 став 3 и 1 , а во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Пријавениот, градоначалник на општина Делчево, на 11.04.2019 склучил договор за јавна набавка на стоки – набавка и испорака на резервни делови, прибори и масла за возниот парк за потребите на општина Делчево со важност од 13.06.2019 до 12.06.2020, во кој договор во спецификацијата била понудена нереално ниска цена, за 16 пати пониска од другите двајца понудувачи.

Од комисијата за јавни набавки на пријавениот Г.Т. му било укажано за невообичаено ниските цени и согласно член 163 став 1 од Законот за јавни набавки бил должен од економскиот оператор побара дополнително појаснување за таквите невообичаено ниски цени и согласно член 169 став 1 точка 4 и 5 од Законот за јавни набавки да го поништи таквиот оглас за јавна набавка. Но, и покрај тоа пријавениот ги пречекорил границите на службената должност со неизвршување на службената должност, фаворизирал и овозможил на правно лице од Делчево да го добие договорот за јавна набавка на стоки – делови за моторни возила за потребите на општина Делчево.

По склучување на договорот, пријавениот наместо да обезбеди правилно и законски користење на средствата на општината и да ги набави деловите со невобичаено ниска цена, не извршил набавка на таквите делови, а извршил набавка и плаќање на сите останати стоки наведени во тендерската документација кои биле со повисоки цени од понудите на другите двајца понудувачи и на тој начин му озовможил на правното лице да се стекне со противправна имотна корист на штета на општина Делчево во износ од 222.760 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина затвореник, познат неговиот идентитет
Следна Статија СДСМ се извини за соопштение пратено до медиумите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници

Сѐ уште трае постапката за испитување на причините за пожарот во Крива Паланка во кој животот го загубија двајца сопружници…

January 12, 2025
ХРОНИКА

Тинејџер се заканувал со пиштол пред угостителски објект

Приведен е 18-годишен скопјанец кој пред угостителски објект во Скопје учествувал во две одделни тепачки, а во едната извадил и…

September 7, 2025
ХРОНИКА

Пожар во скопско Злокуќани – се запали куќа, во огнот се зафатени уште три

Нешто по 20 часот вечерва, на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за пожар во куќа на…

July 13, 2025
ХРОНИКА

Жена е тешко повредена во експлозија на гас во куќа во Велгошти

44-годишна жена е тешко повредена во силна екплозија на гас што се случила денеска во охриското село Велгошти.   Како…

February 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?