Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава за две лица од битолската болница, противзаконски исплатиле скоро 500.000 денари за прекувремени часови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава за две лица од битолската болница, противзаконски исплатиле скоро 500.000 денари за прекувремени часови
ХРОНИКА

Кривична пријава за две лица од битолската болница, противзаконски исплатиле скоро 500.000 денари за прекувремени часови

Објавено April 18, 2026 12:44
Сподели
Сподели

СВР Битола поднесе кривична пријава против две лица од Битола, Е.И. (53) и М.А.Н. (61), поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според информациите, првопријавената, како поранешен директор на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, а подоцна и медицински директор во Министерство за здравство, заедно со второпријавената, раководител на Одделот за интерни болести во истата установа, ги пречекориле службените овластувања со цел стекнување противправна имотна корист.

Полицијата наведува дека во периодот од ноември 2023 до јуни 2024 година, пријавените потпишувале листи за исплата на прекувремени часови за 12 лекари од Одделот за интерни болести, иако тие часови се однесувале на активности во други одделенија, како урологија и физикална медицина и рехабилитација, што било спротивно на одлука на Управниот одбор.

Со ваквите постапки, како што се наведува, било овозможено неосновано исплаќање на надоместоци за прекувремена работа во вкупен износ од 494.933 денари, со што е нанесена штета на буџетот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопскиот и охридскиот аеродром меѓу лидерите во регионот – Раст на патници и нови авиолинии
Следна Статија Иран повторно воведе ограничувања за премин на бродови низ Ормускиот Теснец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Мал авион се урна во Мавровско Езеро

Мал авион се урна во Мавровско Езер. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено. „Инцидентот бил пријавен…

December 12, 2025
ХРОНИКА

Маж вознемирувал малолетничка, па ја нападнал нејзината мајка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 42-годишник од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „полово…

October 9, 2025
ХРОНИКА

Почина Игор Југ, осуденик за 27 април кој бараше повторно судење и слобода

Почина Игор Југ, осуденик за „27 април“ кој издржуваше 12-годишна затворска казна. Тој беше на прекин од издржување на казната…

February 7, 2025
ХРОНИКА

Хорор во Тетово: Татко си го убил сопствениот син

Татко си го убил сопствениот синот вечерва во Тетово, објавија повеќе локални медиуми. Според нив, се работи за македонско семејство…

January 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?