Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава за криумчарење пиротехника – запленети и цигари и фалсификувана стока
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава за криумчарење пиротехника – запленети и цигари и фалсификувана стока
ХРОНИКА

Кривична пријава за криумчарење пиротехника – запленети и цигари и фалсификувана стока

Објавено July 30, 2025 18:17
Сподели
Сподели

Кривична пријава е поднесена за македонски државјанин кој се обидел да криумчари пиротехнички средства за огномети – експлозивна материја чија употреба подлежи на дозволи и е строго регулирана. Случајот е откриен на влез во државата на граничен премин Табановце при извршен претрес на возило со германски регистарски таблички коешто го управувало лицето. При преглед на стоката сместена во багажниот простор, во црна голема торба на дното, помеѓу алишта, е пронајдена непријавена кутија со пиротехнички материјал, во која се наоѓаат три системи со 195 патрони за огномет со вкупна маса од 450 грама експлозив.

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, од каде што е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство против сторителот, за сторено кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Царински службеници и инспектори од Службата за мобилни скенери, спречија низа обиди за шверц на граничниот премин Табановце. При акциите запленети се значителна количина облека, долна облека, патики, автоделови, материјал за текстилна индустрија, како и клима уреди.

Мобилни царински тимови спречија обиди за нелегален изнес на девизи и стока со ознаки на заштитени трговски марки. Запленети се 10 илјади евра, како и 325 детски комплети, ѕидни часовници, 6 огледала и 16 маси:

  • На граничен премин Табановце, при личен претрес на македонски државјанин кој патувал со автобус откриени се 12 илјади евра. Лицето се обидело нелегално да ги изнесе девизите, при што му се вратени две илјади евра, а преостанатите 10 илјади евра се привремено задржани, согласно законските прописи.
  • 325 детски комплети со ознаки на заштитени трговски марки, се запленети поради сомневање за сторено дело повреда на права од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на товарно возило натоварено со стока од Турција наменета за фирма од Косово, пријавено за излез од државата на граничниот премин Блаце.
  • При контрола на камион со контејнер натоварен со стока од Кина, на влез во државата на граничниот премин Богородица, откриени се 25 ѕидни часовници, 6 огледала и 16 маси со ознаки на заштитени трговски марки. Производите се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

Царински службеници на граничниот премин Богородица запленија 36 штеки цигари, откриени при контрола на автобус што сообраќал на релација Истанбул – Скопје. Стоката била скриена фабричка празнина под подот, пред задните седишта на автобус со турски регистарски ознаки, управуван од државјанин на Турција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шкендија ја победи Стеауа, обезбеди најмалку групна фаза во Конференциската лига
Следна Статија YouTube воведува автоматски ограничувања за малолетни корисници почнувајќи од 13 август

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Загина 33-годишен мотоциклист

Вчеравечер во 23.45 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во село Штука, струмичко, З.С.(33) од село Иловица, струмичко,…

July 16, 2025
ХРОНИКА

Почина Игор Југ, осуденик за 27 април кој бараше повторно судење и слобода

Почина Игор Југ, осуденик за „27 април“ кој издржуваше 12-годишна затворска казна. Тој беше на прекин од издржување на казната…

February 7, 2025
ХРОНИКА

Жена почина откако во неа удри товарно возило во Струга

На 21.02.2026 околу 16.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул. „Струшки Кепенци“ во Струга товарно возило „ивеко“…

February 22, 2026
ХРОНИКА

Сопругот на Ивана ќе одговара за тешко насилство и наведување на самоубиство

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка и предложи мерка притвор за едно лице за кое постои…

March 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?