Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава за поранешен директор во струмички „Комуналец“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава за поранешен директор во струмички „Комуналец“
ХРОНИКА

Кривична пријава за поранешен директор во струмички „Комуналец“

Објавено April 29, 2025 18:44
Сподели
Сподели

На ден 29.04.2025 година од страна на СВР Струмица е поднесена кривична пријава против лицето З.Г. поранешен директор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ чл.353 и против лицето Е.Н. управител на правното лице ДПТУ „МАРИЈА ПОЛИ ПЛАСТ“ Струмица за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ чл.353 ст.4 в.в. „Соизвршителство“ чл.22 од КЗ.

Имено првопријавениот извршувајќи ја функцијата директор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица во текот на 2022 година злоупотребувајќи и искористувајќи ја својата службена положба склучил Договор под закуп на деловен простор лоциран во Градска капела на Градски гробишта во Струмица со второпријавениот како управител на правното лице ДПТУ „МАРИЈА ПОЛИ ПЛАСТ“ ДООЕЛ Струмица со закупнина од 14.200 денари со ДДВ месечно за период од 10 години или вкупно 170.400 денари за една година.

Во 2023 година првопријавениот со второпријавената како управител на правното лице ДПТУ „МАРИЈА ПОЛИ ПЛАСТ“ ДООЕЛ Струмица и покрај тоа што се уште им траел Договорот за закуп со умисла извршиле и второ временски поврзано дејствије искористувајќи ист траен однос со што потпишале уште еден ист Договор за закуп за период од 10 години и покрај тоа што претходниот договор од 2022 година бил во важност за кое нешто од страна на второпријавената како управител веднаш е извршена уплата за закупнина во вкупен износ од 1.704.000 денари.

Со таквите дејствија првопријавениот во дејствије со второпријавената постапиле спротивно на член 4 став 2 од Законот за гробишта и погребални услуги и член 7 став 1 точка 4 од Закон за заштита и конкуренција со што му овозможил на второпријавениот да ја врши дејноста како оператор на погребални услуги и да се стекне со имотна корист вршејќи дејност во објект кој согласно Законот за гробишта и погребални услуги и Правилникот за нормативи и технички стандарди и здравствено-санитарни услови за изградба и реконструкција на гробиштата не смее да се даде под закуп на трети лица.

Од горенаведеното е утврдено дека првопријавениот како извршител на функцијата директор на ЈПКД Комуналец“ Струмица во текот на 2022 година и 2023 година и овозможил на второпријавената како управител на правното лице ДПТУ „МАРИЈА ПОЛИ ПЛАСТ“ ДООЕЛ Струмица да врши дејност во објект кој согласно Законот за гробишта и погребални услуги не смеел да се издава на трети лица и со тоа дејствије истиот овозможил ЈПКД „Комуналец“ Струмица против правно да се стекне со парични средства во вкупен износ од 1.870.400 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Амазон“ покрај цената на производите ќе ја прикаже и царината, Трамп е бесен: „Непријателски чин“
Следна Статија (ВИДЕО) Со се колата ме дигнаа – Таксистот Џелили опишува како му го дигнале автомобилот со пајак заедно со него на кровот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тошковски: Ковачевски не е достапен за полицијата и не се откажал од македонското државјанство

Поранешниот директор на Електрани на Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски е недостапен за полицијата. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги…

December 11, 2024
ХРОНИКА

Изгаснат пожарот кај Церово, активни четири

Активни се четири пожари на отворен простор, кои се под целосна или делумна контрола, а целосно е изгаснат пожарот кој…

August 29, 2025
ХРОНИКА

Извлечени три тела од автомобилот кој излета во Вардар

Автомобилот кој попладнево излета во водите на Вардар во близина на Рашче е извлечен од реката. -Од возилото се извадени…

January 2, 2025
ХРОНИКА

Му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат, уапсени двајца Турци за изнуда ФОТО

На 29.09.2025 во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата…

September 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?