Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава за службеник од Општина Шуто Оризари, присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава за службеник од Општина Шуто Оризари, присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари
ХРОНИКА

Кривична пријава за службеник од Општина Шуто Оризари, присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

Објавено August 21, 2025 16:25
Сподели
Сподели

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, расчистила случај во врска со кривичното дело – „измама во службата“ при што против лицето Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во Општината Шуто Оризари до ОЈО Скопје поднела кривична пријава по член 355 став 3 од КЗ на РСМ.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, осомничениот кон крајот на 2023 година како раководител на сектор во Општина Шуто Оризари со лажни налози прибавил противправна имотна корист од буџетската сметка на општината во вредност од 3.600.000 денари.

-Според сознанија од истрагата, осомничениот при крајот на 2023 година како раководител на сектор во општина Шуто Оризари со цел да прибави противправна имотна корист – од буџетската сметка на општината, по основ на одржување на училишни објекти, во пет наврати изготвил лажни налози за исплата на парични средства злоупотребувајќи печат на општината, како и скратен потпис на актуелен градоначалник на истата. Притоа откако ги пуштил паричните средства од тресорска сметка парите биле префрлени по основ на три налози кон правно лице од Скопје, а дополнително осомничениот формирал уште едно правно лице во кое тој бил сопственик каде што исто така пуштил уште два парични налози. На тој начин осомничениот Д.А. го оштетил буџетот на општина Шуто Оризари за 3.600.000 денари, посочуваат од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Месечината е во Лав: Три хороскопски знаци ќе бидат во центарот на вниманието каде и да се појават
Следна Статија Ова е најскапиот одмор во Европа: Рекордно високи цени, лежалките на плажа „огин и пламен“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

МВР трага по исчезнато 15-годишно девојче со новороденче

На 2 август 2025 година, во Полициската станица Карпош, Р.Л. (42) од Скопје пријавил дека неговата 15-годишна ќерка, Е.Л., утрото…

August 3, 2025
ХРОНИКА

Девојче заврши во болница претепано од нејзините татко и брат

Утрово во 04.25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишиле од слобода И.А.(46) и А.А.(21) од…

July 20, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец со „мерцедес“ му го прегазил стапалото на полициски службеник

Во СВР Скопје, синоќа околу 20.05 часот е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко…

June 5, 2025
ХРОНИКА

Предлог притвор за директорот на Геријатрија и уште едно лице за барање поткуп од 100.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донел наредба за спроведување истражна постапка…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?