Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување
ХРОНИКА

Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување

Објавено April 1, 2025 17:41
Сподели
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано оддделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т., сите вработени во Единицата за брзо распоредување, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавените, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, искористувајќи го стекнатото право за надомест на патни трошоци, поради тоа што по лична карта се воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба на начин што примале парични средства од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно, со што во периодот 01.12.2023 до 17.09.2024 го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи во вкупен износ од 1.098.120 денари.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за пријавените полициски службеници ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Wolt официјално стартува во Македонија, трансформирајќи ги услугите за испорака во Скопје
Следна Статија Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 1,75% и во второто тримесечје од 2026 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пресврт во судењето за Вања и Панче: Кешишов тврди дека Палевски не бил со нив на денот на убиството

Пресвртница на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Обвинетиот Влатко Кешишев доставил изјава…

November 20, 2024
ХРОНИКА

Тошковски: Уапсени осум лица за инцидентите со македонското знаме

Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи, на денешната прес-конференција информираше дека за вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени се осум…

November 29, 2024
ХРОНИКА

Обвинение за даночна афера тешка над 6,5 милиони евра

По спроведена темелна истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 10…

April 7, 2026
ХРОНИКА

Марија се прости од сестра си: Ја погребавме мама, а сега и тебе сестричке

Марија се прости од својата постара сестра со емотивен пост полн со болни зборови и тага, пренесува српски Телеграф. Не…

March 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?