Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во општината: ја злоупотребиле службената положба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во општината: ја злоупотребиле службената положба
ХРОНИКА

Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во општината: ја злоупотребиле службената положба

Објавено July 24, 2025 09:14
Сподели
Сподели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Првопријавениот К.П., вработен во општина Крива Паланка, спротивно на Законот за градење и спротивно на своите работни задачи и обврски, изготвил решение за промена на инвеститор, иако рокот на одобрението за градење, кое го поседувал инвеститорот, бил изминат.

Второпријавената М.К.-раководител на Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општина Крива Паланка, спротивно на своите работни задачи и обврски, не извршила должен надзор и контрола на решението за промена на инвеститор и со потпишување го одобрила како важечко, со што му овозможила на Г.С. од Крива Паланка да ја продолжи претходно започнатата градба на куќа со деловен простор без да поседува важечко одобрение за градење.

Третопријавениот, како градоначалник на општина Крива Паланка, не извршил должен надзор и контрола на издаденото решение за промена на инвеститор и со потпис или факсимил и печат на општината го одобрил како важечко.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Леброн Џејмс бил допингуван, тврди поранешен кошаркар!
Следна Статија Салма Хајек во бикини ги воодушеви фановите: Вака не изгледаат ниту двојно помлади девојки (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Ројтерс објави снимка од копањето на гробните места на кочанските гробишта за починатите во пожарот

Кочанските гробишта се прошируваат поради големиот број починати во пожарот во дискотеката „Пулс“. Жртвите од трагедијата ќе бидат погребани на…

March 17, 2025
ХРОНИКА

Алиу: На уште три компании за одгледување марухуана ќе им се одземат лиценците

По одземањето на лиценците за одгледување марихуана на шест компании, во наредниот период ќе им бидат одземени на дополнително уште…

March 6, 2026
ХРОНИКА

Само куќен притвор за осомничените во случајот со РЕК Битола, Обвинителството ќе се жали на одлуката на судот

Нема мерка притвор за двајцата осомничени во предметот за злоупотреби со јавни набавки во РЕК Битола. Основниот суд во Битола…

October 10, 2025
ХРОНИКА

Вонреден инспекциски надзор врши ДСЗИ на Клиниката за детски болести за случајот со починатото бебе

Вонреден инспекциски надзор денеска врши ДСЗИ на Детската клиника за случајот со починатото седуммесечно бебе, потврди директорот на Инспекторатот во…

December 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?