Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривични за шестмина возачи за –„безобзирно управување со моторно возило“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривични за шестмина возачи за –„безобзирно управување со моторно возило“
ХРОНИКА

Кривични за шестмина возачи за –„безобзирно управување со моторно возило“

Објавено June 15, 2025 13:34
Сподели
Сподели

Полициски скужбеници од повеќе сектори за внатрешни работи во текот на викендов исклучувајќи ги од сообраќај од слобода лишија шестмина возачи, а сите по основ на сторено кривично дело по член 297 а – „безобѕирно управување со моторно возило“ од КЗ на РСМ, се вели во соопштението на МВР.

Така денеска (15.06.) полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Пеце Котески“ во Прилеп го лишиле од слобода М.С.од Скопје, кој што управувал товарно моторно возило „Ивеко“, и при контрола во патниот сообраќај, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1.90 промили алкохол во крвта. Во Штип, пак, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Д.К.(37) од село Шлегово, кратовско, поради тоа што на улицата „Борис Кидриќ“ при контрола констатирано е дека тој управувал патничко возило „Алфа ромео“ со кратовски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно со 1.52 промили алкохол.

Исто така денеска во 01,55 часот во ПС Кичево пријавена е сообраќајна незгода на локалниот пат село Вранештица – село Староец, кичевско, во којашто учествувале ПМВ „Фиат“ управувано од А.Ј (41) од Кичево и ПМВ „Мицубиши“ управувано од М.Ц. (33) од Кичево. При извршено алкотестирање на возачот М.Ц. утврдено е дека тој имал 1,72 промили алкохол во крвта. И тој по насоки на надлежен ЈО од ОЈО е лишено од слобода.

Вчера, пак ( 14.06.) во 19.30 часот на регионален пат Желино – Јегуновце во село Прељубиште, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Д.М.(58) од село Жилче, тетовско. Тој управувал со патничко моторно возило „Ланчија” со тетовски регистерски ознаки и излетал надвор од коловозот, а полициските службеници констатирале дека управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.24 промили алкохол во крвта. Завчера (13.06.) во 23.25 часот полициски службеници од ОВР Гевгелија по наредба на Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија го лишиле од слобода П.П.(30) од село Миравци, гевгелиско кој што истиот ден на булеварот „Гевгелија“ во Гевгелија управувајќи моторно возило под дејство на алкохол од 2.01 промили, предизвикал сообраќајна незгода, а дополнително била предизвикана материјална штета и на две паркирани моторни возила.

Инаку вчера во 14.20 часот на автопат Скопје – Тетово во близина на бензинска пумпа полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.В. (31) од Куманово. При сообраќајната контрола полициските службеници констатирале дека Н.В. управувал патничко возило “БМВ” со кумановски регистерски ознаки со брзина од 175 километри на час на место каде што максимална дозволена брзина е 80 километри на час.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украинците со ХИМАРС уништија руски конвој кај Макеевка: Голем број мртви и ранети
Следна Статија Митева и Лефков: Направивме увид на одморалиштето Пониква, кое станува рехабилитациски центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

91-годишна скопјанка измамена за 300 илјади денари

На 07.02.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 91-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за…

February 9, 2025
ХРОНИКА

Старица измамена за 2500 евра од лажен доктор

На 19.12.2025 во 13:40 часот во СВР Скопје, 77-годишна жена од Скопје пријави дека истиот ден била измамена од машко…

December 20, 2025
ХРОНИКА

Силувана е малолетничка, приведен 15-годишник

На 28.02.2026 во 14:30 часот во делчевско од страна на полициски службеници од ОВР Делчево лишен од слобода бил 15-годишник,…

March 1, 2026
ХРОНИКА

Возач на Брзата помош од Берово фатен со дрога во болничкото возило

На 14.08.2025 околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови” во Виница од страна на полициски службеници од ПС Виница во…

August 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?