Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривични против две директорки на домови за стари лица: Корисниците трпеле физичко насилство, добивале храна со поминат рок, лекови кои не им биле препишани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривични против две директорки на домови за стари лица: Корисниците трпеле физичко насилство, добивале храна со поминат рок, лекови кои не им биле препишани
ХРОНИКА

Кривични против две директорки на домови за стари лица: Корисниците трпеле физичко насилство, добивале храна со поминат рок, лекови кои не им биле препишани

Објавено October 8, 2025 09:55
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И. (58), двете од Скопје поради основано сомнение за сторени кривични дела „продолжена злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 и „малтретирање во вршење на службата“ од член 143 од Кривичниот законик.

МВР во координација со ОЈО во изминатите два дена обезбеди докази со кои се потврдува основано сомнение дека двете осомничени, во својство на сопственички и овластени лица на две приватни установи за социјална заштита на стари лица во Скопје, постапувале спротивно на Законот за социјална заштита и со намера да прибават за себе имотна корист потешко ги повредиле правата на згрижените лица.

-Двете приватни установи, во периодот од 2022 година до денес, не ја вршеле дејноста во рамки на издадените дозволи, односно сместувале корисници над дозволениот капацитет, неуредно ја воделе пропишаната евиденција за корисници на социјална услуга, не поседувале досие со стручна документација за сите корисници, не воделе евиденции за одржување на личната хигиена на корисниците, немале вработено соодветен број стручни кадри во смена, а имале  вработено лица без соодветна документација за вработување и немале обезбедено четири дневни оброци со соодветна спецификација за дистрибуираните оброци, како што налагале правилата за нивно работење и условите од решенијата издадени од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Сите недоследности и неправилности се констатирани во записник од извршениот вонреден инспекциски надзор, а за услугата која не исполнувала стандарди и законски услови, од корисниците и нивните блиски наплаќале значителен паричен износ. Месечно од двата објекти остварувале имотна корист во вкупен износ од 2.232.000 денари. При извршените претреси во двете установи, од кои едната на улицата „Рудо” во Бутел, а другата на улица „Козара” во Центар, утврдено е дека двете осомничени, како лица што постапуваат во службено својство, вршеле физичко и психичко насилство со цел да им нанесат физичка и душевна болка, односно страдање на корисниците и ги изложувале на сурово, нечовечко и понижувачко однесување. Првообвинетата во домот во Бутел сместила 27 корисници – стари лица, иако имала дозвола само за 21 лице, а заедно со второобвинетата во установата во Центар сместиле 33 корисници – стари лица, иако имале дозвола само за 17 лица. За грижа и нега на лицата немале обезбедено соодветен број редовно вработени стручни кадри, информира МВР.

Спротивно на сите правила, во собите сместувале женски и машки лица заедно. Немале обезбедено кревети за сите корисници, па дел од корисниците спиеле на троседи во дневната соба или по две лица спиеле на ист единечен кревет. На сите корисници во двете установи им биле служени оброци со производи со изминат рок, за што се земени и мостри од храна, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна. Дел од корисниците биле постојано заклучувани во посебни простории, а на еден дел им била давана терапија со лекови кои не биле препишани од лекар.

По наредба на јавен обвинител, на сите згрижени лица им е извршен лекарски преглед и анализи од страна на стручни лица од Институтот за судска медицина. Установите се затворени, а со координација на надлежните државни органи за корисниците е обезбедено соодветно сместување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина поранешниот градоначалник и пратеник Панчо Минов
Следна Статија Гувернерот Славески: Финансиската едукација и дигиталната писменост се неопходни во услови на зголемени ризици и дигитализација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Дете од кумановско загина по судир меѓу автомобил и електричен тротинет

Тринаесетгодишно дете од кумановско загина во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Черкези. Според…

May 29, 2026
ХРОНИКА

Палчо обвинува: Телефонската анализа е фалсификувана во ОЈО Скопје

Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски продолжи денеска со изнесување докази од обвинението. Обвинителите посочија дека…

February 14, 2025
ХРОНИКА

Тетовец жртва на измама: Злоупотреба на лични податоци му ја одзеде социјалната помош

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, на 15 март 2024 година, првопријавениот Д.И., кој бил вработен во правен субјект…

April 25, 2025
ХРОНИКА

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Штип

На 06.09.2025 околу 20:30 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосницата од ул. „Сремски фронт“ со ул. „Солидарност“…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?