Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Крис Павловски поканет да ја отвори прес-конференцијата на Белата куќа, од каде му се заблагодарија што се спротиставил на цензурата против Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Крис Павловски поканет да ја отвори прес-конференцијата на Белата куќа, од каде му се заблагодарија што се спротиставил на цензурата против Трамп
СВЕТ

Крис Павловски поканет да ја отвори прес-конференцијата на Белата куќа, од каде му се заблагодарија што се спротиставил на цензурата против Трамп

Објавено February 13, 2025 09:18
Сподели
Сподели

Бизнисменот со македонско потекло и сопственик на медиумската компанија Рамбл, Крис Павловски беше поканет да ја отвори прес-конференцијата на Белата куќа денес. Согласно новата политика на админстрацијата на Трамп, при секоја прес-конференција претставници на таканаречените „нови медиуми“ – подкаст емисии, стримери, големи ѕвезди од социјалните мрежи… – се поканети да го постават првото прашање на прес-конференцијата, а денес таа чест му припадна на Павловски.

Крис ја основаше платформата за споделување видеа Рамбл во 2013, со цел да го заштити отворениот и слободен интернет од цензура од страна на големите технолошки компании и владите низ светот. Платформата секогаш им овозможуваше простор на независните коментатори да ги споделуваат своите автентични мислења и секогаш го вклучуваше и претседателот Трамп, за разлика од другите платформи кои го цензурираа во минатото.

Од основањето, Рамбл растеше со експоненцијален раст и неодамна достигна 67 милиони активни корисници во текот на еден месец.

Тоа се многу гледачи, порача портпаролката на Белата куќа Каролајн Луит, пред да го покани Павловски да ја отвори сесијата со прашања.

Павловски истакна дека за него е чест да учествува на прес-конференцијата и со тоа да ја истакне важноста од зачувување на слободата на говорот.

Milestone day for @rumblevideo as CEO @chrispavlovski asked a question of White House @PressSec Karoline Leavitt from the New Media seat.

There are countries that oppose free speech around the world. How is @POTUS standing up for free expression?

Great question & great answer: pic.twitter.com/tAiZvCjZmw

— Tim Murtaugh (@TimMurtaugh) February 12, 2025

Рамбл беше жртва на цензура од страна на повеќе странски влади. Јасно е дека се уште има многу држави кои се противат на слободата на говорот, па дури и таргетираат американски компании. Можете ли да ни кажете што оваа администрација ќе стори за да ги заштити американските интереси и вредности ширум светот?, праша Крис Павловски.

Луит одговори дека борбата против цензурата, како во САД така и низ светот, ќе биде важен дел од агендата на pретседателот Трамп. Таа посочи дека како прво, претседателот Трамп покажал досега невидено ниво на отвореност кон медиумите, кои имаат можност скоро секојдневно да му поставуваат прашања.

Дополнително, Трамп потпиша извршна наредба со која им забрани на државните функционери да преземаат чекори со кои се нарушува слободата на говор на американските граѓани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Влегува инвестиција што ќе прозведува за „Беко“, ќе отвори повеќе од 700 вработувања
Следна Статија (Видео) Тарковски погоди во 98. минута за реми во последното дерби на „Гудисон Парк“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) 19 загинати во Јужна Кореја во пожари, се урна хеликоптер кој гаснеше, загина пилотот

Најмалку 19 лица загинаа во серија шумски пожари, меѓу најлошите во историјата на Јужна Кореја, кои предизвикаа „невидена штета“ и…

March 26, 2025
СВЕТ

Трамп најави нови напади врз Иран, еве кога

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските и израелските напади против Иран ќе продолжат и во третата недела, предупредувајќи дека…

March 13, 2026
СВЕТ

Во училиштето во Шведска убиени најмалку 10 лица, а меѓу нив и напаѓачот

Шведската полиција во вторникот објави дека „околу десет луѓе“ биле убиени во напад во училиште за возрасни во Шведска и…

February 4, 2025
СВЕТ

Пожарникарите поставија оџак на покривот на Сикстинската капела во Ватикан

Процесот на подготовка за конклавата за избор на нов папа продолжува, при што денеска беше поставен оџакот на Сикстинската капела,…

May 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?