Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ брутално ја партизира М-НАВ, се загрозува безбедноста на патниците во авиосообраќајот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ брутално ја партизира М-НАВ, се загрозува безбедноста на патниците во авиосообраќајот
ПОЛИТИКА

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ брутално ја партизира М-НАВ, се загрозува безбедноста на патниците во авиосообраќајот

Објавено July 18, 2025 13:52
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со системско уништување на државните институции, овојпат преку брутална партизација на една од најсериозните и најчувствителни служби М-НАВ, институцијата која се грижи за безбедноста на сите нас во воздух, истакна  Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

На огласот за нови вработувања, избрани се лица кои од квалификации единствено имаат партиска книшка. Во М-НАВ, место професионалци кои знаат англиски и имаат стручни лиценци, ВМРО-ДПМНЕ вработува, сопруг на директорка на Централен регистар, сопруга на Игор Југ — осуден за нападот на Собранието на 27 април и потпретседател на младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Се врши класичен упад во институцијата отфрлајќи кадри кои ги имаат сите потребни квалификации а се примаат партиски војници. Некои од кандидатите дури не знаеле англиски, а сепак биле фаворизирани, додека другите кандидати без партиски врски биле одбиени.

За скандалот да е поголем, интервјуата ги вршеле само директорите од Управниот одбор на М-НАВ без претставници на синдикатот на контролори на летање. Сето ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ го претвора М-НАВ во партиска филијала, наместо во професионална служба која штити животи.

М-НАВ не е партиска играчка. Таму се работи за безбедноста на луѓето во авиосообраќајот, за контрола на воздушниот сообраќај, за сериозни задачи кои бараат врвен професионализам и стручност.

Со своите одлуки, ВМРО-ДПМНЕ директно ја загрозува безбедноста на граѓаните и ја урнисува довербата во една од најважните институции.

СДСМ бара итно поништување на спорниот оглас, враќање на професионалните критериуми и оставка од сите кои го овозможија овој срам.

Ќе продолжиме да ја разобличуваме оваа власт која ги гледа институциите само како шанса за партиски вработувања и криминал, а граѓаните ги остава на милост и немилост, вели Кузеска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По шест месеци ќе ни треба дигитална виза за влез во земјите на ЕУ
Следна Статија Со поддршка на приватната академија „Бреинстер“ се воведува вештачката интелигенција во средните училишта, ќе се применува по сите предмети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Грозданов и Крстевски одат во втор круг во Кочани

Актуелниот в. д. градоначалник на Кочани и независен кандидат за втор мандат, Венко Крстевски, и кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко…

October 20, 2025
ПОЛИТИКА

Партиите од коалицијата „Влен“ размислуваат да се соединат во една партија по локалните избори, откри Таравари

До локалните избори сигурно нема да има спојување на Влен, а по нив може да се случи евентуално спојување на…

February 16, 2025
ПОЛИТИКА

Поранешната прва антикорупционерка во трка за градоначалник на Центар

Граѓанските иницијативи од Платформата „Независни заедно“ денеска објавија дека поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, ќе биде независна кандидатка…

August 13, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Максим Димитриевски има фирма во Бугарија, доаѓа времето на одговорност

Опозициската партија СДСМ преку официјално соопштение упати сериозни обвинувања до лидерот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, тврдејќи дека зад неговата…

May 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?