Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?
ПОЛИТИКА

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

Објавено July 13, 2025 17:21
Сподели
Сподели

Скандалот со тендерот вреден 1,8 милиони евра, што Владата на Христијан Мицкоски го распиша за промоција на настан кој ќе се случи дури во 2027 година, станува сè поголем и посрамен. Тендерската документација покажува дека таа е полна со услови кои отвораат сериозен сомнеж дека тендерот е однапред наместен за одредена компанија. Тендерот очигледно е уште еден механизам за Владата да си избере „своја“ маркетинг агенција преку која ќе се одвива и финансира претстојната изборна кампања, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска..

Дали затоа уште сега, две години пред настанот во Белград, се избира агенција и се потпишува договор? Дали затоа се брза со оваа набавка и се трошат милиони на граѓаните, кога приоритети во државата има многу, а пари за нив нема?

Дали ова е уште една шема на ВМРО-ДПМНЕ за со јавни пари да си обезбеди медиумски простор, билборди, реклами и инфраструктура за изборната кампања во октомври?

Ова е уште еден доказ дека власта ја гледа државната каса како партиска своина, а јавните набавки како начин да си ги плати своите политички потреби.

Ги прашуваме јавно:
– Зошто две години пред настанот се бира агенција и се потпишува договор?
– Колку пари ќе завршат за вистински промоционални активности за настанот, колку во џебовите на ВМРО-ДПМНЕ, колку ќе се потрошат за изборната кампања во октомври?

Уште утре ќе излеземе со целосна анализа на тендерската документација и ќе ги изложиме сите сомнителни услови со кои е наместен овој тендер за „своја“ агенција.

Почитувани граѓани,

Ова е уште еден пример за ароганцијата и безобразието на оваа власт – додека граѓаните едвај преживувате, тие веќе се подготвуваат со народните пари да си ја финансираат својата кампања. За секој денар потрошен за оваа срамна манипулација ќе бараме одговорност, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЦУК: Активни четири пожари, под контрола три
Следна Статија Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ, претставува опасност да ги зафати околните шуми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

„ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра, дали Спасовски ја спасил Пулс од казна“, прашува ВМРО-ДПМН

„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или…

October 14, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорче Петров ја добива првата катна гаража, најави градоначалникот Стојкоски

Општина Ѓорче Петров ќе добие катна гаража, ова го ветува кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Стојкоски. -…

October 6, 2025
ПОЛИТИКА

Куновска за Филипче: Дали СДСМ драматично тоне под негово водство?

Дали СДСМ драматично тоне под негово водство? Дали сета кадровска политика и за органите во партијата и за кандидатите за…

December 4, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ постоела, постои и ќе постои за нашата единствена и најголема кауза -МАКЕДОНИЈА!

Денес кога ја одбележуваме јубилејната година од основањето на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, на денот кога го славиме не само бројот…

June 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?