Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кузеска: Една година Влада на ВМРО ДПМНЕ – понижени работници со најниски плати во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кузеска: Една година Влада на ВМРО ДПМНЕ – понижени работници со најниски плати во Европа
ПОЛИТИКА

Кузеска: Една година Влада на ВМРО ДПМНЕ – понижени работници со најниски плати во Европа

Објавено June 24, 2025 13:35
Сподели
Сподели

За една година власт, ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ ја претворија Македонија во земја на понижени работници, посиромашни граѓани и опасно задолжена држава, истакна на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Поразителни се податоците на Евртостат, работниците во Македонија денес се на дното на Европа, со најниски плати и најнизок животен стандард.

Наместо „горди работници“, имаме понижени луѓе кои со тешка мака ја преживуваат секоја недела.

Над 70% од вработените живеат со плата под 500 евра. Средната класа исчезнува, а младите масовно заминуваат.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план, нема политика, нема решенија. Економијата оди надолу – рече Кузеска.

Таа додаде дека СДСМ предложи зголемување на минималната плата – ВМРО-ДПМНЕ го блокираше предлогот. СДСМ предложи раст на платите во приватниот сектор – ВМРО-ДПМНЕ одби. За ВМРО-ДПМНЕ, работникот не постои.

Додека функционерите на власт се гоштеваат со папаја и манго работниците се оставени сами.

Куповната моќ на граѓаните е срушена. Во последните 12 месеци цените растат, платите стојат. Животот станува борба – не за подобра иднина, туку за еден оброк повеќе. Инфлацијата расте до над 4%, реалната куповна моќ падна за над 20%.

И покрај економската катастрофа, Владата создаде долг од речиси 8 милијарди евра за само една година. Без план, без контрола, без капитални инвестиции. Пари земени во четири очи од приватни банки, без гаранции, без отчет. Македонија нема направено ваков долг ни во 35 години постоење!

Во меѓувреме, фирмите чекаат со месеци поврат на ДДВ, државата должи стотици милиони. Економијата е заглавена, стандардот е срушен, народот е понижен.

Со оваа власт најлошото допрва доаѓа – рече Кузеска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Европратеник на Орбан го блокираше бугарскиот шовинистички амандман за „модерен“ македонски јазик!
Следна Статија Јаневска: Наставниците трпат притисок од родителите за децата да им бидат „скроз одлични“, оценувањето мора да се промени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Богдан Илиевски: Будалиот се гордее со тоа од што паметниот се срами

Веројатно навистина треба доста храброст (или лудост) да одиш против волјата на својот народ, да го обезличиш и да го…

November 27, 2024
ПОЛИТИКА

Османи: Чаир има надеж за промена

Откако неговото име беше официјализирано како кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи утрово во 06:00 часот објави…

July 22, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски од Вевчани: Сум бил и секогаш ќе бидам достапен за ова историско и храбро место

Некако стана обичај да се видиме на стартот од кампањата, но вие знаете дека јас сум секогаш сум тука и…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

Од ДУИ велат дека Владата ја блокира европската иднина

Портпаролот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми, денеска изрази длабока загриженост поради, како што посочи, очигледниот застој на…

September 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?