Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кузеска: Имаме циркузантска влада која прави театар додека горат депонии и фабрики, одговорност мора да има
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кузеска: Имаме циркузантска влада која прави театар додека горат депонии и фабрики, одговорност мора да има
ПОЛИТИКА

Кузеска: Имаме циркузантска влада која прави театар додека горат депонии и фабрики, одговорност мора да има

Објавено September 14, 2025 13:21
Сподели
Сподели

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција предупреди дека пожарот во Трубарево отвора многу прашања на кои институциите мора да одговорат, граѓаните мора да бидат информирани за загаденоста на воздухот и повика на одговорност за еколошката катастрофа.

Како што кажа Кузеска, остануваат отворени прашањата за тоа колкаво количество токсичен отпад изгоре вчера, колкава беше концентрацијата на отровни, корозивни и опасни материи за здравјето на луѓето кои се шират низ воздухот.

„Дали денеска воздухот во Скопје во кој се уште се чувствува мирис на изгорена пластика содржи отровни и канцерогени честички? Дали е целосно безбедно да се биде на отворено во одредени делови на Скопје и околината, за деца, бремени жени, возрасни, болни?“, изјави Кузеска.

Таа посочи дека ова што се случува со пожарите во Трубарево, Дрисла и Вардариште е врв на неодговорност и незаинтересираност, а  клучните луѓе во државата наместо да преземат одговорност и решенија измислуваат изговори и се обидуваат својата неспособност да ја префрлат на други.

„Премиерот Мицкоски вели дека „воздухот во Скопје само изгледа загаден ама не е алармантен“. Стојанче Ангелов зборува за хибриден напад, како да сме во шпионски филм, а не во реална еколошка катастрофа. Панче Тошковски е целосно загубен помеѓу измислените приказни и префрлање на одговорноста на некој друг и исто како да не постои.Орце Ѓорѓиевски не гледа чад, туку „политички пожари за политички поени“. Граѓаните се гушат а не гледаат институционален одговор на оваа еколошка катастрофа“, рече Кузеска додавајќи дека нема ниту еден институционален план, ниту една мерка, ниту едно решение.

На прес-конференцијата Кузеска потенцираше дека целата состојба е резултат на некадарност, безобразие и криминална рамнодушност. Затоа како што кажа Кузеска,  СДСМ бара итна и темелна истрага за сите овие случаи и одговорност.

„Политичка и кривична одговорност за сите што го прекршиле законот но и за оние од институциите кои не постапиле навреме а имале обврска да го сторат тоа. Одговорност за овој екоцид мора да има. Наместо држава, имаме шатор на циркузантска влада која прави шоу додека горат депонии и фабрики“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меџити: Ќе се утврдува во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево
Следна Статија Митева: Премиерот е во постојана комуникација со сите надлежни институции, фокусот на Владата е да се спречат поголеми штети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: По Апасиев, Мециновиќ и Мојсоска, дали и Крмов бил сметководител на партијата Левица?

„Паднаа маските на Левица позади кои грчевито се обидуваа да се претстават кај народот како скромни и неподмитливи, додека од…

September 23, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: ДУИ прво мене ми понудија да ја растурам „Влен“, ми кажаа дека Ахмети ќе се пензионира

Гласачите гласаа за промена на централно ниво и убеден сум дека сакаат промени и на локално ниво, ќе бидеме фаворити…

April 26, 2025
ПОЛИТИКА

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците попладнево преку својот Фејсбук профил соопшти дека останува дел од владината коалиција што…

May 23, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ денеска потпишаа договор за стратешка соработка помеѓу двете земји, што…

May 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?