Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ
ПОЛИТИКА

Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ

Објавено September 3, 2025 14:17
Сподели
Сподели

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Oсобено по контрадикторните изјави на Мицкоски и Христовски. Мицкоски вели едно, дека наводно бил прислушуван, а директорот на АНБ го демантира и вели друго: дека станува збор за „прибирање информации за таргетирани лица“. Кој овде лаже Затоа е неопходно веднаш да се декласифицираат сите документи и јавноста да ја дознае вистината. Не може вака да се нафрлаат само изјави во јавноста без докази да им се приложат на граѓаните. Овој случај мора да биде целосно достапен на јавноста за да се утврди дали и кој ја злоупотребил функцијата во безбедносните служби“, рече таа.

Доколку АНБ тоа не го направи, додаде Кузеска, ќе стане јасно дека станува збор за уште еден неуспешен обид за манипулација од страна на власта и предизборна злупотреба.

„Исто како и во случаите со наводни дестабилизации, со некакви дронови, со обиди за поткуп од странски компании на премиерот и низа други измислени приказни кои завршија без никакви докази и без разрешница. ВМРО-ДПМНЕ си игра со безбедносниот апарат и го злоупотребува за партиско мешетарење за дневнополитички цели. Тоа е одлика на инфантилни политичари и популистички партии, кои имаат само една цел, да го одвлечат вниманието од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните“, рече Кузеска.

Според неа, растечкото незадоволство кај граѓаните поради катастрофалните политики и неисполнетите ветувања е само една од причините зошто ВМРО-ДПМНЕ рециклира потрошени стратегии од времето на Никола Груевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Како внатрешната контрола го открила скандалот во АНБ со прислушкувањето: Паднеле на полиграф па признале дека креирале лажни службени белешки
Следна Статија Пренџов бара комисиска расправа за АНБ, а Реџепи не свикува седница бидејќи бил дискриминиран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Кадар на ДУИ е именуван за заменик директор на Агенцијата за национална безбедност, објави Левица

Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го именувала Бесник Ферати на позицијата заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Бесник…

June 22, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: СДСМ е подготвен за избори во секое време

СДСМ е подготвен за избори во секое време – утре, наесен или догодина, а целта е враќање на власта во…

April 19, 2026
ПОЛИТИКА

СДС знаел за криминалот на Груби од црната листа и оној од Лотарија, а не реагирале за да не падне владата

СДС знаел за криминалот на Груби од црната листа и од Лотарија, не реагирале за да не падне владата. СДС…

December 19, 2024
ПОЛИТИКА

И Герасимовски се огради од Филипче – „тргајќи ја политиката настрана, очекувам победа во вториот круг“

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТВ изјави дека очекува победа…

October 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?