Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кузеска: Што праиме сега Мицкоски, кој од власта ќе одговара за нарко скандалот со 5 тони дрога
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кузеска: Што праиме сега Мицкоски, кој од власта ќе одговара за нарко скандалот со 5 тони дрога
ПОЛИТИКА

Кузеска: Што праиме сега Мицкоски, кој од власта ќе одговара за нарко скандалот со 5 тони дрога

Објавено March 2, 2026 13:39
Сподели
Сподели

Над 30 дена, повеќе од еден месец, нема одговори за најголемиот нарко скандал во регионот со заплена на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија. Како 5 тони дрога поминале граница? И кој од врвот на власта ќе одговара?, праша денеска портпаролката на СДСМ, Бигданка Кузеска.

Во продолжение прес конференцијата

Од сите информации кои досега се достапни јасно е дека станува збор за високо организирана криминална група која не можела да функционира без поддршка од лица на највисоки позииции во власта.

Медиумската магла којашто власта се обиде да се пласира со лажна кампања после оваа акција, за пренасочување на вниманието на претходни влади се расчити.

Кампања со обиди да се вмеша СДСМ и опозицијата за да се амнестира актуелната власт не успеа.

Сега е време за одговорност во врвот на актуелната власт.

Кои се трите клучните аспекти за одговорност за овој нарко скандал?

1. Околината на Свети Николе се јавува како клучна точка каде што се правел претовар на дрогата.

Од фабриката на кругот на ОХИС “Алфафарм” дрогата била натоварена и транспортирана до Свети Николе. Внимавајте, без полициска придржуба како што налагата законите.

Кој ова го дозволил е првото клучно прашање? Зошто не е правена конрола во фабриката?

Оваа фирма, која работи во просториите на ОХИС, е основана во мај 2024, во време на ВМРО. Дрогата била свежа, одгледана во време на актуелната власт. А пакувањето во кругот на Охрис започнало во средината на декември 2025 година.

Од втора фабрика, Грин лајф имало исто така пратка со дрога.

Сите овие пратки ја поминале слободно половина Македонија.

На 65 илјади камери, на патроли, контроли никој ништо не проверил. Случајно?

Значи одговорни во македонската полиција и безбедносните служби мора да бидат први кои ќе бидат опфатени со барањето одговорност.

Одиме понатаму.

2. Дрогата била препекувана како перници и на тој начин се пренесувала преку македонската граница.

На толку скенери, контроли, никој ништо не презел. Случајно?

Значи одоворни во македонската царина исто така мора да бидат опфатени со барањето поврзаност.

3. Конечо, целата пратка од 5 тони завршила во магацин на локални функционери на СНС во Србија, сестринска партија на ВМРО.

Бил близок со српскиот министер за одбрана Гашиќ и изјавил дека станува збор „за државна работа”.

Ова е третиот аспект на поврзаност со блиска политичка структура во двете земји.

Што правиме сега Мицкоски?

Пак дефокус со Харис Џиновиќ, Дубаи ил имате нови идеи?

СДСМ нема да дозволи овој случај да се заташка.

Не може да има уапсени се магационери, превозници и сопственици на фирми, а главните организатори на овој шверц да се кријат.

Кој од власта ќе одговара?

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Nvidia’s CEO says agentic AI is driving chip demand – MarketWatch
Следна Статија Raiders want two first-round picks and a player for Maxx Crosby – NBC Sports

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850.000 евра?

Венко Филипче да не се крие и да одговори, дали јахтата со која крстари по Егејското море е на Заев…

August 13, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски од Ново Село: Од Филипче не слушнав ниту еден проект, тој е континуитет на Заев кој ја распродаваше Македонија

Не секогаш локалните избори се само за локални проекти и само за проекти кои се однесуваат на потребите на граѓаните…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

Села смета дека нема ништо лошо што Таравари се среќава со Ахмети

Немам право, како и другите лидери на партии во Европскиот фронт што немаат право да се мешаат на кој било…

April 27, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков до Апасиев: Димче не е тоа што беше, го расипа кешот и квадратите деловен простор

И Димче не е тоа што беше! Разбирам дека вистината боли, па затоа Апасиев наместо да одговори на фактите –…

August 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?