Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи
ХРОНИКА

Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи

Објавено May 23, 2025 16:56
Сподели
Сподели

Поранешниот медицински директор на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев, и поранешниот организациски директор Нехат Нухи, обвинети во случајот „Онкологија“, ќе се бранат од слобода. Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за домашен притвор за двајцата, иако Обвинителството бараше ефективен притвор поради опасност од бегство и тежината на делата за кои се товарат.

„Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, доставен до судот заедно со обвинителниот акт за предметот во јавноста познат како ‘Онкологија’, по одржана седница во присуство на странките донесе решенија со кои против обвинетите Н.В. и Н.Н. се определува мерка куќен притвор“, соопшти судот.

Судот одлучи и дека остануваат во сила и претходно определените мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање, повикувајќи се на член 165 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка, односно опасност од бегство. Против оваа одлука странките имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје.

Од друга страна, Јавното обвинителство беше категорично дека притворот е неопходен.

„Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот Онкологија, до Основниот кривичен суд вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицинскиот и организацискиот директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје“, се наведува во соопштението.

Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, проневера и измама, додека биле на раководните функции. Обвинителството истакна дека за делата се запретени високи затворски казни, а нанесена е и значителна имотна штета на државниот буџет.

„Последицата од сторените кривични дела може да влијае врз мотивот на обвинетите да се дадат во бегство“, нагласуваат од обвинителството, додавајќи дека со поднесувањето на обвинението е подигнат степенот на сомнение и извесноста од санкционирање за нивните противправни дејствија.

Во соопштението се посочува и дека поради опасност од бегство, за уште тројца обвинети лекари онколози се предложени мерки на претпазливост – привремено одземање на патна исправа или забрана за нејзино издавање.

„Ваквите мерки се неопходни за непречено водење на кривичната постапка“, велат од Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Самитот на НАТО ќе има разговори помеѓу Македонија и Бугарија, ќе се вклучи и ЕУ
Следна Статија Каја Калас немала план „Б“ за Македонија оти сѐ уште верувала во планот „А“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Рашковски сакал да помина граница криејќи 20.000 евра кај менувачот на автомобилот

Царинската управа го потврди инцидентот со Драги Рашковски кој се случил на граничниот премин Ново Село кон Бугарија. Тој сакал парите…

September 6, 2025
ХРОНИКА

Грчки државјанин уапсен на Богородица по барање на Интерпол Романија

На 11.10.2025 во 07:00 часот на Граничен премин Богородица, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Г.И.(41)…

October 12, 2025
ХРОНИКА

Скопјанецот кој си ги уби братот и снаата во Стајковци осуден на 20 години затвор

Основниот кривичен суд Скопје денеска изрече првостепена пресуда со која Љ.К. од Стајковци го огласи за виновен и го осуди…

December 6, 2024
ХРОНИКА

ВИДЕО: Лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари качени на хауба добија пријави од МВР

Во врска со видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека веднаш…

August 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?