Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Куќен притвор и мерки за претпазливост за лицата осомничени дека ја нападнаа Арсовска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Куќен притвор и мерки за претпазливост за лицата осомничени дека ја нападнаа Арсовска
ХРОНИКА

Куќен притвор и мерки за претпазливост за лицата осомничени дека ја нападнаа Арсовска

Објавено July 12, 2025 18:28
Сподели
Сподели

Арсовска ќе биде под 24 часовна полициска заштита, двете лица кои вчера ја нападнаа кривично ќе се гонат.

За едното кое и физички се пресмета со градоначалничката судот му определи куќен притвор, за второто кое продолжило со закани се бара мерки на претпазливост со забрана за напуштање на домот и одземање на патната исправа

Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, која заедно со вработени во градските служби, по претходна пријава, излегле да извршат вонреден надзор на нелегален објект во градба на улицата “Севастополска”. Тој се претставил како сопственик на објектот во градба, па почнал грубо да ја навредува, да и се заканува, по што и физички ја нападнал.Кога изреагирале останатите вработени во градските служби и припадниците на МВР и го тргнале првоосомничениот, со закани продолжило и второосомниченото лице.

Градоначалничката Арсовска на својот фејсбук профил со серија критики до власта – дека е цел на местенки за вчерашниот инцидент. Таа ја отфрли изјавата на министерот за внатрешни Тошковски дека не била нападната пред полициски службеници. Истата ја поткрепи и со видео материјал.

Од Министерството за внатрешни работи, велат дека професионално постапуваат по случајот, но и по сите пријави на Арсовска иако таа како и дел од вработените на град Скопје недоволно соработуваат со полицијата.

На 01.06.2025 година, г-ѓа Арсовска била изложена на закана од возило во движење. Иако нејзината првична реакција не вклучувала информирање на МВР, полицијата веднаш постапи по сопствени оперативни сознанија. Против полицискиот службеник за кого Арсовска обивни дека и се заканувал веќе е поведена дисциплинска постапка. Преземени се дејствата и за нападот врз советничката Ирена Витина, како и за последниот во кој се приведени две лица, а по проценките на АНБ Арсовска ќе биде под полициска заштита.

Од СДСМ пак побаар оставка од првиот човек на полицијата Тошковски. Ова е длабока авторитарна власт, која не бира средства за да го заштити криминалот, велат од партијата.

Премиерот Мицковски пак вели дека за Данела многу работи се кажани, но ги повика институциите да го расчистат случајот.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го осудува секое насилство врз жена, вклучувајќи и насилството врз градоначалничката Данела Арсовска, доколку истото се случило.

Од кабинетот на претседателката Давкова за ТВ 24 одговорија дека го осудуваат секое насилство врз жена вклучувајќи го и тоа врз градоначалничката доколку како што истакнаа оттаму истото се случило.

Осуда за нападот пристигна од Француската амбасада, но и од Советот на Европа Насилството, особено врз избраните политичари, е неприфатливо.“ „Ќе продолжиме да се бориме против насилството врз жените во политиката, соопшти претседателот на конгресот Марк Кулс

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гужва на Табановце, еве колку се чека за влез во Македонија
Следна Статија Божиновска: Го заштитуваме македонскиот рубин – време е да ја промовираме магијата на нашето минерално богатство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари…

June 24, 2025
ХРОНИКА

Возач со автомобил удрил 17-годишен битолчанец и избегал

Денеска (18.01.) во 03.26 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола, патничко возило управувано од непознат…

January 18, 2025
ХРОНИКА

Почина познатиот композитор Љупчо Константинов

Почина познатиот композитор Љупчо Константинов. Константинов беше препознатлив по неговата музика „Среќна нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна…

October 17, 2024
ХРОНИКА

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, велат од полицијата

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, потврдија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. Оттаму рекоа…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?