Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лабудовиќ: За секој ученик во Центар субвенција за таблет или лаптоп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лабудовиќ: За секој ученик во Центар субвенција за таблет или лаптоп
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: За секој ученик во Центар субвенција за таблет или лаптоп

Објавено October 23, 2025 11:13
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја најави новата мерка што ќе биде дел од неговата програма за дигиталната писменост како поддршка на младите – субвенции за таблети и лаптопи за сите ученици од петто одделение во општина Центар.

„Денес дигиталната писменост е исто толку важна колку и учебникот. Ако сакаме децата да бидат во чекор со времето, мора да им овозможиме еднаков пристап до современи алатки за учење. Затоа, воведуваме мерка со која секое дете ќе добие поддршка од 3.000 денари за таблет или 6.000 денари за лаптоп. Ова е конкретна помош за родителите, но и вистински чекор кон модерно, рамноправно и достапно образование за сите,“ изјави Лабудовиќ.

Според него, оваа мерка не е само финансиска поддршка, туку инвестиција во знаење, иднина и еднакви шанси за сите ученици. Со неа, Општина Центар ќе стане пример за тоа како една локална самоуправа може да придонесе за поголемо ниво на дигитална писменост и поддршка на младите генерации.

„Сакаме децата во Центар да имаат исти услови за учење – без разлика на тоа од какво семејство доаѓаат. Сакаме сите да имаат еднаква можност да учат, да истражуваат и да се надградуваат. Затоа што секое дете заслужува поддршка, а секој родител заслужува сигурност дека неговото дете има фер старт во животот,“ истакна Лабудовиќ.

Оваа мерка е дел од пошироката визија за модерна, дигитална и напредна општина, која вложува во младите како највреден капитал на општеството.

„Образованието е највредната инвестиција што можеме да ја направиме – затоа што вложувајќи во нив, вложуваме во нашата иднина. Центар ќе биде општина што ги отвора вратите кон дигиталниот свет, општина која стои зад секое дете со конкретна поддршка, визија и верба дека секој ученик може да успее,“ додаде Лабудовиќ.

Со оваа иницијатива, Центар ќе направи уште еден голем чекор напред кон еднакво, достапно и современо образование, подготвувајќи ги најмладите за предизвиците на новото време.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кошта: ЕУ го одобри 19-от пакет санкции кон Русија
Следна Статија Голема полициска акција: Уапсени 11 лица за лихварство и перење пари, по едно лице се уште се трага

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Димитриевски: Предлогот на СДСМ за лидерска средба е ловење на политички поени

Лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски не се согласува со предлогот на СДСМ за лидерска средба, по…

December 1, 2024
ПОЛИТИКА

Лефков: Сопругата на Апасиев фалсификувала биографија, кога лажат за тоа, за што сè ќе го лажат народот?

„Сопругата на Димитар Апасиев, која земала пари од владата на СДС, преку програмата Еразмус+, лажела за својот ангажман на настанот…

August 27, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче до Димитриевски: Со предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината „Се бориме за нашиот дом“ од Прилеп, му одговори на Максим Димитриевски. „Слушам…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Нема да дозволиме некој да гласа наместо другите, изјави Кузеска

Од опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) велат дека не се против правото на дијаспората да гласа, туку се против неконтролирани модели…

July 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?