Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Објавено October 4, 2025 16:43
Сподели
Сподели

„Центар мора да биде најбезбедната општина во Скопје! За жал, сликата денес е поинаква – темни и небезбедни улици, сообраќаен хаос и чувство на несигурност кое секојдневно го чувствуваат граѓаните,“ изјави кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ.

Тој нагласи дека безбедноста на граѓаните е основа за квалитетен живот и дека токму затоа во својата програма предвидува пакет од системски решенија:

-Формирање на редарска служба – локален тим кој секојдневно ќе се грижи за јавниот ред, заштитата на јавниот имот и превенција на недозволени активности.
-Засилена координација со полицијата – со почести патроли, особено во вечерните часови на фреквентни локации, плоштади, маала и простори каде што најчесто се движат младите и семејствата.
-Современ систем за пријавување проблеми – контакт-центар и мобилна апликација кои ќе овозможат граѓаните за неколку секунди да пријават проблем или инцидент, а институциите веднаш да реагираат.
-Модерен видео-надзор – поставување на камери на клучни и критични точки во општината, со строга регулација и почитување на приватноста, исклучиво со цел заштита и превенција.
-Подобро осветлување – темните улици ќе станат минато, со ново и енергетско-ефикасно јавно осветлување, кое ќе даде чувство на сигурност и ќе ја врати довербата кај жителите.

„Безбедноста не смее да биде луксуз. Таа е задолжителен услов за достоинствен живот. Центар мора да има осветлени улици, јасен ред и заштита на секој граѓанин. Затоа се обврзувам дека веднаш ќе започнеме со имплементација на овие решенија. Нашата цел е Центар да стане општина во која секој – од најмладите до највозрасните – ќе се чувствува сигурно, спокојно и заштитено“, порача Лабудовиќ.

Тој додаде дека ваквиот систем нема да биде само реакција на проблемите, туку ќе гради трајна превенција и ќе создаде култура на одговорност, соработка и заедништво.

-Современа општина мора да има ред и безбедност за сите. Центар мора да биде безбеден – и ќе биде безбеден, заврши Лабудовиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Македонија задолжителна скрининг-програма за рак на дојка не постои и тоа е навистина проблем, велат од Здружението ХЕМА-ОНКО
Следна Статија Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Љупчо Николовски?

Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Зоран Заев, Венко Филипче и…

December 5, 2025
ПОЛИТИКА

Данела по петти пат менува директор на Комунално

Повторно е сменет директорот на скопското Комунално претпријатие. Досегашниот директор Јетон Незири оди во историја, а на негово место, градоначалничката…

January 29, 2025
ПОЛИТИКА

„Шемите на Заев и Димова го исцрпиле Буџетот на Агенцијата Еразмус за над 2,5 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Шемите на Заев и Димова го исцрпиле Буџетот на Агенцијата Еразмус за над 2,5 милиони евра. 2,5 милиони евра, европски…

August 14, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Натпартиски консензус е единствено решение, да разговараме и да ги детерминираме црвените линии

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска уште еднаш упати апел за лидерска средба на која, како што рече, би се…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?