Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лабудовиќ: Со добра организација и добар тим за четири години Центар ќе биде подобро место за живеење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лабудовиќ: Со добра организација и добар тим за четири години Центар ќе биде подобро место за живеење
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Со добра организација и добар тим за четири години Центар ќе биде подобро место за живеење

Објавено September 25, 2025 11:11
Сподели
Сподели

– Ништо не е тешко доколку се влезе со чиста мисла и добра намера. За сè треба време, но со добра организација и добар тим верувам дека работите ќе тргнат на подобро, за четири години ќе постигнеме видливи резултати и општина Центар ќе биде подобро место за живеење, порача кандидатот на Движењето ЗНАМ за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ, во интервјуто за Република.

Лабудовиќ, чија кандидатура е поддржана од ВМРО ДПМНЕ, истакна дека она што му недостига на Центар е поголема хигиена, повеќе зеленило и враќање на мирот, редот и безбедноста за сите жители на општината.

– Мислам дека низ годините заборавивме на хигиената. Мора сериозно одржување на општината, мора сериозен пристап кон хигиената. Не зборувам за отпадот околу контејнерите, зборувам за тоа што се случува низ општината – за отпадот и прашината што не се чистат редовно. Има делови во кои плочниците каде што си играат и растат нашите деца се покриени со смет и прашина.

Лабудовиќ истакна дека влегол во политиката со искрени и чесни намери и верува дека со своето искуство и знаење може да придонесе во изградбата на подобро и поправедно општество.

– Ако се предадеме – никој ништо не може да направи. Сметам дека секој што има намера да направи нешто добро и позитивни, треба да се вклучи, бидејќи седењето на натпревар на трибините и коментирањето нема ништо да придонесе. Затоа треба сите да се вклучиме и да работиме за доброто на граѓаните и за нашите деца.

Лабудовиќ е еден од основачите на ЗНАМ, а во моментов е заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини. По професија е електроинженер, а целиот живот го има поминато во општина Центар, каде што живее и денес со своето семејство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: И Ердоган „жртва“ на протоколот на Трамп, принуден да чека на улиците на Њујорк
Следна Статија Македонија е втората најслаба „карика“ во европската електрична мрежа, пред неа е само Албанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: 9 милиони евра завршиле кај кланот Заеви во фирма во Бугарија блиска до Филипче

Додека Македонија била во енергетска криза, а народот плаќал повисоки сметки за струја милионски суми од продажбата на јаглен на…

June 10, 2025
ПОЛИТИКА

Бојковска: Нема да има повластени пред законот, секој што сторил криминал ќе одговара

На вечерашната емисија „24 Анализа“, на телевизија 24, гостуваше и пратеничката Драгана Бојковска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и се осврна…

December 18, 2024
ПОЛИТИКА

Митески: За прв пат во општина Аеродром во исто време се градат основно училиште, градинка и спортска сала

Во изминатиот период, како општина сработивме многу проекти, особено во развој на инфраструктурата и за прв пат во исто време…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на Вреди за локалните избори

Вреди вечерва во Скопје го промовираше Централниот изборен штаб во пресрет на локалните избори кои треба да се одржат во…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?