Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лабудовиќ: Центар мора да биде убав, достоинствен и енергетски ефикасен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лабудовиќ: Центар мора да биде убав, достоинствен и енергетски ефикасен
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Центар мора да биде убав, достоинствен и енергетски ефикасен

Објавено October 5, 2025 15:15
Сподели
Сподели

Општина Центар е срцето на главниот град – место каде секој детал зборува за ликот, духот и вредностите на граѓаните кои живеат во неа. Но, во последните години, голем број станбени објекти се оставени на забот на времето, со дотраени фасади, нарушена естетика и сè поголеми енергетски загуби кои директно го погодуваат стандардот на граѓаните, се вели во соопштението од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија.

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, во својата изјава истакна дека обнова на објектите и фасадите ќе биде еден од приоритетите во неговата програма за поубав и пофункционален Центар.

„Секоја зграда е дел од идентитетот и душата на нашата општина. Старите згради ќе добијат нови, енергетски ефикасни фасади кои, покрај тоа што ќе го разубават просторот и ќе му дадат достоинствен изглед на Центар, ќе им донесат на граѓаните помали сметки за греење и поквалитетни услови за живеење,“ порача Лабудовиќ.

Тој нагласи дека модерниот Центар треба да биде пример за урбан развој со мерка, кој ќе ја спои естетиката со енергетската ефикасност, а грижата за секој жител ќе биде во сржта на секоја општинска политика.

„Центарци заслужуваат достоинствен живот. Со целосна реконструкција и современ изглед, ќе создадеме општина која ќе зрачи со убавина и ред, но и ќе обезбеди реални економски придобивки за секој граѓанин. Центар мора да го зачува својот дух и карактер, но и да чекори напред, во чекор со современите стандарди за живот,“ изјави тој.

Проектот за енергетска санација и обнова на фасадите е дел од пошироката визија на Лабудовиќ за модерен, чист и зелен Центар. Тој најави дека општината ќе аплицира и за европски фондови за поддршка на енергетската ефикасност и одржлив урбан развој, со цел граѓаните да добијат долгорочни решенија, а не само козметички промени.

„Овој проект не е само прашање на естетика, туку на подобар живот, пониски трошоци и поголема удобност. Сакам граѓаните да живеат во општина со убав изглед, чист воздух и ред. Центар заслужува да биде убав, достоинствен и енергетски ефикасен. Центар мора да биде убав!“ заклучи Лабудовиќ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Герасимовски: Поставуваме пристапни рампи во секој новоизграден објект, се грижиме за сите граѓани
Следна Статија (Фото) И пратеници трчаа на скопскиот маратон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, состојбата излегува од контрола

Состојбата апсолутно излегува од контрола, напиша претседателот на СДСМ Венко Филипче на Фејсбук, поради серијата пожари кои ја потресуваат државата…

September 13, 2025
ПОЛИТИКА

ЦО на СДСМ: Почна постапката за утврдување кандидати за локалните избори

Од денеска започнува постапката за утврдување на кандидатите на СДСМ за советници и градоначалници на претстојните локални избори, одлучил Централниот…

April 30, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Стојам на располагање во секое време за средба со Филипче доколку навистина има план и желба да помогне

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е подготвен на средба со лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче доколку, како што изјави…

April 2, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува: Владата на ВМРО-ДПМНЕ фатена во голем скандал со назначувањето на директорката за „Еразмус+“

СДСМ обвинува дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ е фатена во голем скандал со назначувањето на в.д. директорката на Националната агенција која…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?