Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина
СВЕТ

Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина

Објавено August 25, 2025 08:53
Сподели
Сподели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи безбедноста на земјата да биде гарантирана од група нации во кои ќе бидат вклучени постојаните членки на Советот за безбедност на ОН.

Во интервју за американската NBC News, Лавров откри дека рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале за прашањето за безбедносните гаранции, при што Путин потсетил на неуспешните разговори одржани во Истанбул во 2022 година.

На тие на разговори на маса било ставено прашањето за трајна неутралност на Украина во замена за безбедносни гаранции од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија, со учество на други држави. Лавров сега прецизираше дека, покрај членките на Советот за безбедност, оваа група гаранти би можела да ги вклучи и Германија и Турција.

Според Лавров, моделот е јасен – „гарантите би ја гарантирале безбедноста на Украина, која мора да остане ненуклерана, да биде неутрална и не смее да биде поврзана со никаков воен блок“.

Тој уште еднаш нагласи дека членството на Украина во НАТО е неприфатливо за Русија. Покрај тоа, Москва бара и заштита на правото на употреба на рускиот јазик, како отворање разгорои за територијални прашања.

Руски официјални претставници и досега повеќепати кажуваа дека Москва од Киев да го предаде целиот источен регион Донбас, да се откаже од амбициите за НАТО, Украина да остане неутрална и да не се дозволи присуство на западни трупи на нејзина територија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пред да одите во Грција проверете ја кутијата за прва помош-казната е 100 евра
Следна Статија Мбапе и Винисиус за триумф на Реал на гостувањето кај Овиедо (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Од затворот во Њу Орлеанс избегаа 11 затвореници, еден е уапсен

Денеска 11 затвореници кои се сметаат за вооружени и опасни, избегаа од затворот во Њу Орлеанс во американската држава Луизијана,…

May 16, 2025
СВЕТ

Маск: Вештачката интелигенција ќе ги замени сите работни места, дури и моето

  Илон Маск, извршен директор на „Тесла“ и еден од најбогатите луѓе во светот, издаде остро предупредување до секој што…

August 9, 2025
СВЕТ

Што се случува кога папата ќе умре? Ова се сите процедури кои се усовршуваат со векови

На вториот ден од Велигден почина папата Франциск, објави Ватикан. Врховниот поглавар на Римокатоличката црква, 226-от римски бискуп и шеф на…

April 21, 2025
СВЕТ

Дали холандската кралица Максима го исмева Трамп додека стои до него- снимката е хит (ВИДЕО)

Холандската кралица Максима се најде на удар откако на социјалните мрежи се појави видео на кое таа, според многумина, му…

June 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?