Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лавров и Ушаков ќе ја застапуваат Русија на средбата со американските функционери во Саудиска Арабија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Лавров и Ушаков ќе ја застапуваат Русија на средбата со американските функционери во Саудиска Арабија
СВЕТ

Лавров и Ушаков ќе ја застапуваат Русија на средбата со американските функционери во Саудиска Арабија

Објавено February 17, 2025 13:19
Сподели
Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин го испрати својот министер за надворешни работи и висок советник во Кремљ да се сретнат со американски официјални претставници во Саудиска Арабија во вторник за да разговараат за обновување на односите и можни преговори за ставање крај на војната во Украина, соопшти во понеделникот Кремљ.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата среда, по телефонскиот разговор со Путин, изјави дека ќе започне разговори за итно ставање крај на војната во Украина и дека со рускиот претседател имал плоден разгов и за Блискиот исток, енергијата, американскиот долар и вештачката интелигенција.

Американскиот државен секретар Марко Рубио треба да се сретне со руските претставници во Саудиска Арабија, заедно со Мајк Волц, советникот на Трамп за национална безбедност и Стив Виткофф, пратеник на Белата куќа за Блискиот исток.

Рубио веќе пристигна во Саудиска Арабија во понеделникот пред важните разговори за ставање крај на речиси тригодишната војна на Москва во Украина и обновување на американско-руските врски.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни веќе две децении, и Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на Кремљ, патуваат за Ријад на барање на Путин.

„Се очекува да разговараат со нивните американски колеги во вторник, а средбата првенствено ќе биде фокусирана на обновувањето на севкупните руско-американски односи. Ќе разговараат и за подготовка на можни преговори за решавање на војната во Украина и за организација на средба меѓу двајцата претседатели“, рече Песков.

Песков одби да го коментира извештајот на Reuters дека Кирил Дмитриев, шеф на рускиот инвестициски фонд, исто така ќе се сретне со делегацијата на САД, а не сакаше да одговори на новинарско прашање дали Путин и Трамп ќе се сретнат во Саудиска Арабија подоцна овој месец.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трговците доставија предлози за намалување на цените на групи производи
Следна Статија На пратениците од власта не им се допадна како Апасиев ја организира надзорната расправа за Ефектите од аерозагадувањето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зошто Американците не го апсат Путин?

Кога рускиот претседател Владимир Путин ќе отпатува во Алјаска следната недела за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп,…

August 10, 2025
СВЕТ

Иран погоди полн танкер со нафта во пристаништето во Дубаи

Иранските сили директно нападнаа кувајтски танкер за нафта додека бил закотвен во пристаништето Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, објави синоќа…

March 31, 2026
СВЕТ

Америка сака да го купи Гренланд: Колку би чинело тоа?

Купувањето на Гренланд од Данска би можело да ги чини САД повеќе од 2,2 милијарди долари, со дополнителни годишни исплати…

April 15, 2025
СВЕТ

(Видео) Масовен напад врз Русија: Украинските дронови направија хаос во три региони, има загинати

Најмалку три лица ги загубија животите во серија напади од украински беспилотни летала на територијата на Русија. Инциденти беа регистрирани…

August 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?