Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Алјаска како дел од самитот меѓу Русија и САД, а многумина го забележаа необичниот џемпер што го носеше за време на неговото пристигнување.
Лавров пристигна во хотелот во Алјаска облечен во џемпер со натпис „СССР“, што е кратенка за Сојуз на Советските Социјалистички Републики, и црн елек. Во кратко интервју за медиумите, Лавров рече дека очекува понатамошна добра комуникација со американската делегација.
„Не планираме ништо однапред. Имаме јасна позиција и ќе ја презентираме. Досега е направено многу, особено за време на посетата на американскиот претставник Стив Виткоф. Се надевам дека ќе продолжиме со добрата и корисна комуникација за време на оваа средба“, рече Лавров.
Lavrov in Alaska pic.twitter.com/5WlV3daOwd
— Alaska Summit News First (@runews) August 15, 2025
Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Анкориџ во петок во 22:30 часот по московско време. Самитот ќе се одржи во воената база Елмендорф-Ричардсон. Политичарите прво ќе се сретнат лице в лице, потоа со учество на делегации, а потоа преговорите ќе продолжат на работен појадок.