Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лавров: Трамп е единствениот на Западот што вели дека приближувањето на Украина кон НАТО е грешка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Лавров: Трамп е единствениот на Западот што вели дека приближувањето на Украина кон НАТО е грешка
СВЕТ

Лавров: Трамп е единствениот на Западот што вели дека приближувањето на Украина кон НАТО е грешка

Објавено April 12, 2025 19:10
Сподели
Сподели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го пофали американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи дека тој подобро го разбира конфликтот во Украина од другите западни лидери.

Кога зборуваме за отстранување на основните причини за кој било конфликт, вклучително и украинскиот, тоа е единствениот начин за решавање на проблемите и воспоставување долготраен мир. Треба да се решат основните причини, изјави Лавров на Дипломатскиот форум во Анталија, во јужна Турција.

Претседателот Трамп беше првиот и засега, мислам, единствениот меѓу западните лидери што постојано, со убедување, неколкупати изјави дека беше голема грешка да се приближи Украина кон НАТО. Тоа е една од основните причини, како што многупати сме кажале, додаде Лавров.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година, долго време тврди дека приближувањето на Украина кон Западот, вклучително и нејзината желба да се приклучи кон НАТО, претставува закана за Русија. Коментирајќи го договорот меѓу Украина и Русија за паузирање на меѓусебните напади врз енергетската инфраструктура, Лавров рече дека Москва го почитува своето ветување и го обвини Киев дека речиси секој ден ја напаѓа руската енергетска инфраструктура.

„Им дадов на нашите колеги од Турција, на министерот (Хакан) Фидан, она што им го дадовме на Американците, на ОН и на ОЕЦД – список на факти во кој се наведени украинските напади врз руската енергетска инфраструктура во последните три недели“, изјави тој.

Украина, од друга страна, ја обвинува Русија дека продолжува да ја напаѓа нејзината енергетска инфраструктура и покрај мораториумот договорен со посредство на САД.

Најмалку четири лица се повредени во руското гранатирање на Харков и на селото Слатине во неговата периферија, објави харковското регионално обвинителство на својот канал Телеграм. „Според истрагата, на 12 април околу 6:50 часот, руските вооружени сили извршиле воздушни напади врз селото Слатине, регионот Харков. Два КАБ го гаѓаа приватниот резиденцијален сектор, при што беа оштетени најмалку седум приватни куќи“, се вели во соопштението, пренесе Укринформ. Забележано е дека спасувачите од под урнатините на куќата извлекле 68-годишен маж, кој е повреден и моментално е во стабилна состојба. Една куќа, како и гаражи и автомобили, беа оштетени во гранатирање во регионот Харков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Вучиќ: Да не ни го направеа ова, ќе бевме најбрзорастечка економија во Европа
Следна Статија Ќоку: Коалицијата „Вреди“ продолжува заедно, ќе разговараме за детали за Локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

„Мртвата рака“ е оружјето на Русија за „судниот ден“

„Мртвата рака“ што ја спомена Медведев во својот одговор до Трамп е оружјето на Русија за „судниот ден“. Eве неколку…

August 2, 2025
СВЕТ

Нетанјаху повика на промена на режимот во Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на промена на режимот во Техеран. Во својата прва видео изјава за нападите на САД…

February 28, 2026
СВЕТ

Орбан без влакна на јазикот: Украина може да стане Авганистан во Европа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги повтори ставовите на Кремљ во интервјуто со Такер Карлсон, предупредувајќи дека ситуацијата во Украина може…

February 15, 2025
СВЕТ

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Володимир Зеленски како претседател, а во исто време ја отфрла…

February 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?