Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лажен стоматолог поправал и им вадел заби на луѓето, учел преку интернет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Лажен стоматолог поправал и им вадел заби на луѓето, учел преку интернет
ЗАБАВА

Лажен стоматолог поправал и им вадел заби на луѓето, учел преку интернет

Објавено June 19, 2025 09:48
Сподели
Сподели

Обвиненија се покренати против лажен стоматолог и неговите двајца помошници, кои лекувале десетици пациенти во Чешка откако го научиле „занаетот“ преку Интернет.

Според полициското соопштение, тројца членови на исто семејство отвориле комплетно опремена стоматолошка ординација без никаква лиценца или професионална квалификација во градот Хавличков Брод во централна Чешка во 2023 година.

Лажниот стоматолог, 22-годишен маж, правел прегледи, вадел заби, чистел забни канали и давал анестезија, сето тоа врз основа на знаење стекнато преку Интернет. 50-годишна жена работела како медицинска сестра, додека 44-годишен маж, кој го обезбедувал просторот, изработувал протетика за пациентите.

Жената, која претходно работела во здравството, набавила анестезија, но и други стоматолошки материјали до кои имала пристап, како пломби, лепила, материјали за отпечатоци и други“, соопштија од полицијата.

На прашањето на АФП дали пациентите се пожалиле, портпаролката на полицијата Михаела Леброва одби да коментира.

Полицијата соопшти дека нелегалната ординација лекувала десетици пациенти и остварила приход од околу 160.000 евра.

Тројката беше уапсена на почетокот на овој месец и обвинета за неовластени активности, перење пари, обид за повреда, манипулација со дрога и кражба.

Досега не се казнети. Откако ја признаа вината, тие беа пуштени да се бранат од слобода, и им се заканува казна затвор до осум години.

Поради хроничниот недостиг на стоматолози, чешкиот парламент минатата година усвои закон со кој се олеснува вработувањето на стоматолози од земји надвор од Европската Унија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во САД секој ден минатата година по 1.000 нови милионери
Следна Статија Фетаи: Таравари е во скутот на Ахмети, се обиде сите да нè продаде за неколку општини! Бараше од Мицкоски да ја исфрли Вреди од владата и да ја внесе ДУИ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Пронајдена човечка вилица стара 1,8 милиони години во Грузија

Археолози во Грузија открија човечка вилица стара 1,8 милиони години, за која се верува дека му припаѓала на рана форма…

August 27, 2025
ЗАБАВА

Олдтајмери од цел свет во Скопје

Од плоштадот „Јадран“ во Скопје синоќа тргнаа 20-тината олдтајмери од кои најголем дел се дојдени од Западна Европа и САД…

September 28, 2025
ЗАБАВА

Народните верувања за љубовта – верувате или не?!

Народните верувања за љубовта секогаш се интересна тема, без разлика дали верувате во нив или не. Се сметало дека одредени…

October 25, 2024
ЗАБАВА

Оваа пејачка според Аркан била најдобра во кревет

Дорис Драговиќ е име кое засекогаш е запишано во историјата на музичката сцена на поранешна Југославија, но и на Хрватска.…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?