Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лазаров: Браво момци Македонци! Се гордеам со вас! Останавте смирени и во моментите на провокации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Лазаров: Браво момци Македонци! Се гордеам со вас! Останавте смирени и во моментите на провокации
СПОРТ

Лазаров: Браво момци Македонци! Се гордеам со вас! Останавте смирени и во моментите на провокации

Објавено May 18, 2025 21:00
Сподели
Сподели

Македонскиот селектор и тренер на Алкалоид, Кире Лазаров сосема очекувано пресреќен по големата победа на македонскиот тим над АЕК среде Атина од 25-29 во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп.

Лазаров истакна дека е премногу горд на своите момци Македонци кои покажаа како се брани македонскиот ракомет во Европа.

Мора да им честитам на момците! Секоја чест за овие момци Македонци! Се гордеам со нив! Се договоривме да бидеме храбри и мудри, и така беше во текот на целиот натпревар иако воопшто не беше лесно со оглед на целокупниот притисок. Голманите беа на одлично ниво. Да, сите допринесоа многу да дојдеме до оваа голема победа од четири разлика, но мора да знаеме дека имавме вкупно 18 одбрани. Да не беше така сигурно и резултатот нема да беше тој. Се што се договоривме во 90% го исполнивме на мечот“ – ни изјави Лазаров веднаш по мечот.

Стратегот на Алкалоид не криеше дека секој во тимот бил добро подготвени и за сите провокации од трибините во второто полувреме, кога со тврди предмети беше погоден и Митев.

„Ние бевме подготвени на се, можеби и на потешки провокации, пожестока атмосфера. Бевме психолошки максимално подготвени на се. Можеби не требаше да реагираме на публиката. Имавме предност од три гола разлика во тие моменти, и очигледно беше дека сакаат да направат фора за да го свртат натпреварот во своја корист. Можеби мислеа и дека ќе наидат на млади и неискусни ракометари. Но….“.

Но, останува и реваншот за седум дена на кој ќе треба да се потврди трофејот во ЕХФ Европскиот куп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митев погоден со шише за време мечот против АЕК Атина
Следна Статија Урбаните моторџии низ скопските улици во знак на борбата за заштита на машкото здравје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Почнува егзибицијата во Саудиска Арабија, вакво нешто е видено

Утре во Саудиска Арабија почнува можеби најскапата езгибиција во светот. Наречен „Sic Kings Slam“ на кој ќе играат Медведев, Ѓоковиќ,…

October 15, 2024
СПОРТ

Нерешено со Португалија: Македонија останува во игра за втората фаза

Македонија одигра нерешено со Португалија со што останавме во игра за пласман во втората фаза. 29-29. Maкедонија беше подобра во…

January 18, 2026
СПОРТ

Србија ја преживеа битката во Албанија

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното…

June 7, 2025
СПОРТ

Финалето од Купот на Македонија ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“

На вчерашната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука финалето од Купот на Македонија…

April 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?