Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лазар Ристовски: Разликата меѓу актерите е во тоа колку се храбри подлабоко да навлезат во себе и во својата психа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Лазар Ристовски: Разликата меѓу актерите е во тоа колку се храбри подлабоко да навлезат во себе и во својата психа
ЗАБАВА

Лазар Ристовски: Разликата меѓу актерите е во тоа колку се храбри подлабоко да навлезат во себе и во својата психа

Објавено August 7, 2025 13:43
Сподели
Сподели

Разликата меѓу актерите е во тоа колку се храбри подлабоко да навлезат во себе и во својата психа, оние кои го прават тоа подлабоко и пожестоко стануваат поголеми глумци, порача денеска на прес-конференцијата во Скопје годинашниот лауреат на наградата „Мето Јовановски“ за актерско достигнување во филмот, српскиот актер Лазар Ристовски.

Наградата му се доделува на четвртото издание на фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“ што се одржува од денеска до 12 август во Дојран. Ристовски е еден од најдобрите српски актери, познат по своите значајни улоги во театарот како и во филмовите „Игмански Марш“ (1983), „Оригинал на фалсификатот“ (1991), „Тито и јас“ (1992), „Подземје“ (1995), „Балкански правила“ (1997), „Буре барут“ (1998), „Бело одело“ (1999), „Пад во рајот“ (2004)… Покрај актерството, тој е и продуцент, режисер, како и писател на неколку книги.

Лазар Ристовски играше и во два македонски филма, едниот е „Јазол“ (1985), а другиот е „Збогум на дваесеттиот век“ (1998).

Ристовски на почетокот на прес-конференцијата потсети дека е роден во Војводина, а неговиот татко е од мариовското село Бујаково, но сепак им се извини на новинарите што не може течно да говори македонски и при тоа целосно да се изрази.

-Глумата во овие педесет години искрено беше мојот живот, често помислував дека тоа е еден од најлесните начини да се заработат пари, но ова е тешка работа, секако како и секоја друга работа, ако се работи предано и професионално, но актерството е особено тешко затоа што нашето орудие е нашето тело и нашата психа и разликата меѓу актерите е во тоа колку се храбри да се поткопнат во себе и во својата психа. Оние кои се храбри тоа да го прават подлабоко, пожестоко тие испаѓаат поголеми глумци. Тоа не значи дека тоа се гледа на нивното лице додека глумат, рече Ристовски.

Тој изрази голема благодарност за наградата, која рече е голема и значајна и го носи името на големиот актер, со кој бил пријател, но никогаш патот не ги споил заедно да одиграат некој проект.

Вели имал среќа да работи со големи режисери од светската елита и во филмот и во театарот, а за утре во рамки на Филмскиот фестивал најави дека ќе одржи мастер час по глума, што е прв ваков негов ангажман во животот. Додава имал понуди да работи како професор, но никогаш не сакал да „соли памет“, бидејќи, објаснува, никој нема тапија за некое знаење, тоа е променлива категорија и постојано се надградува.

За разликата да се глуми во филмови од балканска и западна продуција, познатиот српски актер одговара дека таа се огледа во хонорарите и некои услови во снимањето, но сето останато е исто.

-Се останато се случува во таа релација меѓу режисерот и партнерите, кога актерите ќе се погледат во очи веднаш знаат „кој појас во карате носат“, дали е жолт или црн, седми дан и на тоа ниво се разива условно говорејќи борбата. Занает е занает, додава Ристовски и вели дека често пати балканските актери ги бараат за негативни улоги. Тој одбил неколку такви, а имал среќа повеќето улоги за западни продукции да претставуваат позитивни ликови.

За разликата да се биде актер или продуцент, Ристовски раскажа дека во таа улога влегол сосема спонтано, откако на режисерот Емир Кустурица додека работеле на „Андреграунд“ му ја раскажал вистинската приказна од неговото семејство, од која подоцна произлезе „Бело одело“. Кустурица му предложил самиот да ја сработи таа приказна, по што напишал сценарио, почнал да бара продуценти, на крај испаднало тој да се најде во таа улога меѓудругото.

Моментално работи на режирање трет филм, откако добил средства од Филмскиот центар на Србија, насловен „Рибарот и балерината“, кој се базира на една приказна од неговата книга куси раскази, „Едноставни приказни“, која е преведена и на македонски јазик.

Директорот на фестивалот, режисерот и професор Јани Бојаџи на прес-конференцијата му изрази благодарност на годинашниот лауерат, потсетувајќи дека Ристовски е втора кој ја добива, откако лани беше воспоставена, а му беше доделена на Владо Јовановски.

Бојаџи вели наградата го носи името на актерот Мето Јовановски, бидејќи неговиот лик бил синоним за актер од Македонија, но и воопшто синоним за Македонија во најпозитивна смисла на зборот.

-Тоа што Лазар е лауерат оваа година е сосема природна работа. Она што го кажав за Мето Јовановски во македонски контекст, кај Лазар Ристовски во македонски контекст, освен неговото македонско потекло, е зошто како актер играше во извонредните македонски филмови „Јазол“, „Збогум на 20. век“, тој е и копродуцент на многу македонски филмови…но Лазар е човек, несомнено уметник, кој припаѓа прво на Србија, на поранешна Југославија, на Балканот и на Медитеранот. Сите тие контексти се реални, изјави Бојаџи, додавајќи дека актерот одиграл над 70 улоги и тој освен со јазикот на филмот, говори и со јазикот на љубовта кон професијата, кон Балканот и кон Медитеранот.

Четвртиот Фестивал на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ ќе опфати две натпреварувачки селекции, една студентска, една програма на филмови за деца и млади. „Преку езерото“ ќе се одржува на неколку локации во Дојран.

– Шест фестивалски денови исполнети со исклучителни филмски достигнувања селектирани од нашиот уметнички директор Небојша Јовановиќ. На публиката ќе ѝ понуди незаборавни филмски приказни кои во сѐ и на секаков начин се идентификуваат со нас и нашиот фестивал, изјави директорот на фестивалот Бојаџи во неодамнешното интервју за МИА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се потпиша нов Колективен договор, 20 отсто покачување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита
Следна Статија (ВИДЕО) Тајната база на СФРЈ: Најскапиот проект на Југославија и митот за вселенската програмa

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Во Шведска преместуваат црква од 672 тони поради рудник

Една од најпознатите шведски цркви, Кируна Кирка, буквално го започна своето историско патување. По осум години подготовка, речиси 500 милиони…

August 19, 2025
ЗАБАВА

Утре е празник на девојките: Ноќта пред Иванден се плетат венци, а ова се адетите за зачнување

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат…

July 6, 2025
ЗАБАВА

(Видео) Одјавната шпица на „Симпсонови“ на македонски јазик

Во најновата епизода на анимираната серија „Симпсонови“, „Abe League of Their Moe“, одјавната шпица е на македонски јазик. Како што…

April 29, 2025
ЗАБАВА

Македонец е ѕвезда во новиот спот на Лејди Гага

Мајкл Дамески си оствари голем сон, танцувајќи со Лејди Гага во нејзиниот спот за новата песна „Abracadabra“. 29-годишниот Австралиец, кој…

February 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?