Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз
ЕКОНОМИЈА

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

Објавено October 30, 2025 08:54
Сподели
Сподели

Во 2024 година, 65.5 % од вкупната потребна енергија во земјава е обезбедена од увоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесувала 2 541 849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат нафтените продукти со 44.7 % и цврстите горива со 24.9 %.

Во 2024 година, бруто-примарното производство изнесувало 842 142 toe, што претставува намалување од 10.6 % во споредба со 2023 година. Најголемо намалување е забележано кај лигнитот, со пад од 20.9 % и хидроенергијата од 15.8 %, додека најзначително зголемување од 140.0 % е евидентирано кај соларната електрична енергија.

Финалната енергетска потрошувачка во 2024 година изнесувала 1 859 697 toe, по сектори: сообраќај – 47.6 %, домаќинства – 26.1 %, индустрија – 16.9 %, останати сектори – 8.4 %.

Учеството на обновливата електрична енергија во бруто-производството на електрична енергија изнесува 39.4 %, а во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесува 35.4 %. Потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата изнесува 1 727 KWh по жител на годишно ниво.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Технолошките гиганти инвестираат милијарди во трката за доминација со вештачката интелигенција
Следна Статија (Видео) Американската војска нападна брод, вели дека превезувал дрога: четворица мртви

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Со Градски воз се очекува драстично намалување на користењето на моторни возила

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со прогресот на проектот Градски воз, изјави дека проектот…

January 4, 2026
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Легендарниот воз „Шпанец“ се враќа на пругите

Директорот за влеча и одржување на возните средства на Македонски железници, Игор Коруноски информира дека легендарниот воз „Шпанец“ се враќа…

November 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Просечната нето плата во ноември е 41.999 денари

Просечната исплатена нето плата во ноември изнесувала 41.999 денари, што е зголемување за 9,5 проценти во однос на ноември, објави…

January 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азески-Рокас: Приватниот сектор ќе биде еден од клучните двигатели на евроинтегративниот процес на земјата

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески денеска одржал работен состанок со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија,…

March 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?