Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЛДП бара една изборна единица и отворени листи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЛДП бара една изборна единица и отворени листи
ПОЛИТИКА

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Објавено May 31, 2025 18:28
Сподели
Сподели

Либерално-демократската партија (ЛДП) и понатаму останува доследна во својата заложба за темелни изборни реформи, со јасно изразена поддршка за воведување на една изборна единица, отворени листи, како и вклучување на предлозите доставени за независни листи од невладиниот сектор во креирањето на новиот Изборен законик.

Пратениците на ЛДП и во два претходни парламентарни состави поднесуваа предлог-закони за оваа реформа. Во понеделник, ЛДП повторно ќе поднесе предлог закон до Собранието.

Како прва политичка партија што јавно ја застапува идејата за една изборна единица и отворени листи, ЛДП ја нагласува потребата од праведен и транспарентен изборен систем кој ќе овозможи еднаквост на гласот и директно влијание на граѓаните врз тоа кој ќе ги претставува.

Веруваме дека со воведувањето на една изборна единица и отворени листи ќе се зголеми отчетноста, ќе им се даде поголема моќ на граѓаните и ќе придонесе за развој на демократијата во земјата.

ЛДП ги повикува сите политички чинители, партии и граѓанското општество на заедничка работа и отворен дијалог, со единствена цел – конечно усвојување на праведен и инклузивен изборен модел.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доаѓа лето: Македонија под влијание на топлиот бран од Африка
Следна Статија Жена на 33 години загина, а шест други лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Хајредини: Додека во СДСМ се мешаат Заев и Ковачевски, рејтингот на Филипче ќе се намалува

На што се должи високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ, кои чекори во овие сто дена донесоа зголемена поддршка кај граѓаните. Ја…

October 17, 2024
ПОЛИТИКА

Милошоски: За прв пат имаме Влада која големи средства вложува во локалната самоуправа

На поткастот „На кавга со Иван“ што се емитува на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот и член на ИК на…

November 12, 2024
ПОЛИТИКА

Таравари го трола Ахмети: Ако има парламентарни во 2025-та, Али ќе бара предвремени и за 2026-та…

„Идната година секако ќе има избори, меѓутоа тоа ќе бидат локални избори, ако имаме поширок консензус и се заинтересирани за…

November 14, 2024
ПОЛИТИКА

На ДУИ не им се допадна одлуката за „Безбеден град“,бараат оставка од Костадиновски

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на изјавите на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поврзани со проектот „Safe…

March 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?