Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЛДП: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЛДП: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата
ПОЛИТИКА

ЛДП: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

Објавено June 8, 2025 11:28
Сподели
Сподели

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува јавен повик до општините ширум државата: да престанат со расфрлање на јавните средства за еднодневни настани и манифестации како што се питијади, ајваријади, скара фестови и слични пригоди.

„Наместо тоа, ги повикуваме општинските власти да ги насочат парите кон проекти кои навистина значат подобар живот за граѓаните: повеќе јавни паркинг места, повеќе зеленило и паркови, подобри услови во градинките и училиштата. Јавните финансии мора да се трошат одговорно и домаќински“, вели во изјава за медиумите портпаролот на ЛДП, Љубен Аврамовски.

На граѓаните не им требаат свечености еднаш годишно, посочува Аврамовски, туку чист воздух, безбедни улици, функционални училишта и паркинг решенија секој ден.

„ЛДП стои на ставот дека локалната самоуправа треба да покаже зрелост и визија. Затоа ги повикуваме сите градоначалници и советници: наместо да се натпреваруваат кој ќе донесе поголема музичка ѕвезда или ќе организира поголема питијада – да се натпреваруваат кој ќе реализира повеќе конкретни, видливи и одржливи проекти за своите сограѓани“, заклучува Аврамовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи
Следна Статија Одморалиштето „Пониква“ ќе биде отстапено за нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Митевски: Аеродром е наш дом, тука ја градиме нашата иднина

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром, Дејан Митески објави видео како почеток на изборната кампања. „Аеродром е наш…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Велјановски: Секогаш кога ДУИ губи, тие прибегнуваат кон потпалување на меѓуетничките односи и загрозување на соживотот

Пратеникот Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ остро ја осуди изјавата на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, дадена за време на…

September 24, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Обвинувања од СДСМ: Кој го штити разрешениот началник на СВР Штип

„Власта која ја зави Македонија во црно се испречи на патот на правдата за најголемата трагедија во поновата македонска историја,…

May 31, 2025
ПОЛИТИКА

Левица повторно на иста линија со ДУИ, со поддршка на кандидатот Фатмир Дехари во Кичево

Во тема на денот на Сител телевизија гостуваше кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, кој одговараше на повеќе…

October 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?