Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЛДП: Техничката влада нема да ги нахрани граѓаните, време е за вистински реформи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЛДП: Техничката влада нема да ги нахрани граѓаните, време е за вистински реформи
ПОЛИТИКА

ЛДП: Техничката влада нема да ги нахрани граѓаните, време е за вистински реформи

Објавено January 9, 2026 16:33
Сподели
Сподели

Либерално-демократската партија (ЛДП) смета дека лидерска средба има смисла. На неа единствено мора да се разговара за суштински реформи, а не за пазарски и ПР решенија. Ние сме подготвени да одиме на лидерска средба, но НЕ ако е таа само за укинување или задржување на техничката влада како изолирана и празна тема, туку заради одговори на клучните прашања кои директно го засегаат животот на граѓаните, стои во соопштението на партијата.

Во продолжение ставот на ЛДП

Несериозно е политиката да се сведе на тоа: „ние сме за укинување“ или „ние сме против укинување“ на техничката влада. И што потоа? Ако се укине или ако не се укине ?! Дали ќе јадеме поевтино? Дали ќе дишеме почист воздух? Дали ќе добиеме повеќе неповратни средства од Европската Унија? Дали конечно ќе ја решиме корупцијата? Ако одговорот е не – тогаш темата сама по себе е празна.

Зошто доцнат некои министерства со реализација на реформската агенда? До каде е пакетот системски реформи што треба да ја придвижи државата напред? На граѓаните им е преку глава од парцијални изјави и ад-хок решенија. Таквиот пристап покажува дека граѓаните не се точка на интерес, туку само алатка за медиумска доминација.

На Македонија не ѝ се потребни 120, туку 90 пратеници. На Македонија не ѝ се потребни 25, туку 15 функционални министерства. На Македонија не ѝ се потребни купишта членови на управни и надзорни одбори, ниту армија заменици директори. На Македонија ѝ се потребни повеќе пари во џебот на граѓаните.

На Македонија не ѝ е потребна техничка влада, туку ефикасен, рационален и деполитизиран систем – една изборна единица, отворени листи и можност граѓаните сами да одлучат кој ќе ги претставува.

Да, треба да разговараме, но за вистински и суштински реформи. Сè друго би било губење време на грбот на граѓаните.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре претпладне врнежи од дожд и снег
Следна Статија Вевчани подготвено за Вевчанскиот карневал на 12 и 13 јануари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лефков: Како Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра?

Kако Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра? СДС и Филипче должат одговори, праша пратеникот од…

August 15, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ го жртвуваше Скопје за да се пресметува со Арсовска, вели Шукова

Последниве четири години со ВМРО-ДПМНЕ на власт во Скопје видовме што значи хаос, неодговорност и целосно изолирање на интересите на…

August 24, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ: Конгрес на „децата на Орбан“

„Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци организиран од двоецот Мицкоски-Груевски е потврда на сè она што го говориме. Најсилна поддршка добија…

December 7, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: По локалните избори следуваат промени, судството мора да се ослободи од партиски и криминални стеги

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот митинг во општина Ѓорче Петров, во рамки на изборната кампања за локалните избори…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?