Екстремниот раст на цената на дизелот предизвика зголемување на трошоците на компаниите, па дел од нив ценовниот притисок неминовно го спуштаат кон крајните потрошувачи.
Дел од пекарниците во Прилеп и Битола најавија зголемување на цената на белиот леб од 450 грама – од 35 на 40 денари, почнувајќи веќе од утре.
Најави за покачување на основниот продукт има и од дел од пекарниците на Истокот односно во Штип и Кочани.
Во Скопје пак, во дел од пекарниците веќе неколку дена за по пет денари поскапо се продава бурек и симит, како и дел од другите пецива.
Покрај пекарските продукти, веќе извесен период екстремно високи цени држат пиперките, доматите, тиквичките, а во пресрет на Велигден килограм јагнешко се продава по 700 до 800 денари.
