Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Левица повторно на иста линија со ДУИ, со поддршка на кандидатот Фатмир Дехари во Кичево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Левица повторно на иста линија со ДУИ, со поддршка на кандидатот Фатмир Дехари во Кичево
ПОЛИТИКА

Левица повторно на иста линија со ДУИ, со поддршка на кандидатот Фатмир Дехари во Кичево

Објавено October 26, 2025 09:16
Сподели
Сподели

Во тема на денот на Сител телевизија гостуваше кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, кој одговараше на повеќе прашања поврзани со локалните избори и можните партиски поддршки во вториот круг локални избори. На прашањето дали Левица ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, Александар Јовановски или ќе застане зад актуелниот градоначалник од ДУИ Фатмир Дехари, кандидатот на Левица.

Мециновиќ избегна да даде конкретен одговор, со што индиректно потврди дека нема да го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ туку на ДУИ. „Повторно портпаролската функција за овие избори ми е малку ставена на пауза, не дека нема да имаме став, ќе имаме став, но сметам дека сега не е местото јас да го коментирам ова, а затоа што имаме една голема обврска пред нас, а тоа е вториот круг за Град Скопје“, рече Мециновиќ.

Иако партијата во текот на кампањата жестоко го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ дека во повеќе општини, како Тетово, Гостивар и Струга, немале сопствени кандидати со што индиректно ја поддржувале коалицијата Вреди, а сега токму Левица се наоѓа во истата позиција, која од жестоки критики преминува во тактички молк и го олеснува патот на ДУИ да ја задржи власта во Кичево.

Ваквиот одговор на кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ покажува дека Левица ќе го поддржи кандидатот Фатмир Дехари, со што очигледно е дека „неутралната“ Левица е најсилен сојузник на ДУИ во Кичево.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Отец Бобан: Света Петка била и останува блескав пример за сите христијани, поучувајќи ги да застанат на правиот пат
Следна Статија Пратеник истепа минувач на плоштад во Приштина: Му дофрли „Сите лажете“ и доби тупаници (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети тврди дека премиери и академици му нуделе да ја поделат Македонија

По повод 24-годишнина на Охридскиот договор лидерот на ДУИ Али Ахмети се обрати до „сограѓаните Македонци, на македонски јазик“, преку…

August 12, 2025
ПОЛИТИКА

Струмичка поезија: Во време на тишина со замислен поглед Костадинов зборувал

На фејсбук профилот на ТВ Канал Вис Струмица Костадин Костадинов, актуелниот градоначалник на Струмица пишува поезија. Тој се обраќа до…

June 20, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Македонскиот идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот, туку криминалот и корупцијата на власта

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција денеска истакна дека македонскиот национален идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот,…

May 10, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Тоа што не успеаја Тодор Живков и други бугарски политичари со Македонија успеа во време на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања во одговор на прашањето од Митко Трајчулески од СДСМ, за неисполнетите…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?