Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лекари и медицински персонал од штипска Физикална терапија обучени за рехабилитација на пациенти со изгореници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Лекари и медицински персонал од штипска Физикална терапија обучени за рехабилитација на пациенти со изгореници
ЗДРАВЈЕ

Лекари и медицински персонал од штипска Физикална терапија обучени за рехабилитација на пациенти со изгореници

Објавено May 11, 2025 17:26
Сподели
Сподели

Двајца физијатри, двајца хирурзи, како и физиотерапевти, инструментарки и медицински сестри од Клиничка болница-Штип и Општата болница во Кочани ја завршија шестнеделната обука организирана од страна на англиската Организација за ургентна медицина, информираше Никола Костадинов физијатар на Одделението за Физикална терапија при Клиничка болница-Штип.

Тој истакна дека со македонските тимови работеа со сертифициран тим од доктори специјализирани за тренинг рехабилитација на пациенти со изгореници. Лекарите и медицинскиот персонал се ангажирани за рехабилитација на повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Обуката беше интензивна и сакам искрено да се заблагодарам на докторот и неговиот тим за несебичното помагање во стекнување на знаење, искуство и вештини во областа на рехабилитација на изгорениците, рече Костадинов.

Тој додаде дека по добиентите сертификати, обучените лекари и медицински персонал освен што се вклучени во рехабилитација на повредените во двете болници ќе можат и тие да вршат обуки и да го пренесуваат знаењето на своите колеги. Костадинов вели и дека тимовите можат бидат ангажирани било каде во светот доколку има вакви несреќи и повредени.

Инаку на Одделението за Физикална терапија во Штип се рехабилитираат тројца пациенти кои се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“, а од утре ќе им пристигнат уште неколку пациенти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Куновска: За Венко злато – за СДСМ р’ѓа!
Следна Статија Вандализам во модуларната болница во Штип, уништена е електричната инсталација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

(ФОТО) Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари

Реконструкција на трите лабаратории и платото пред влезот, набавка на современа опрема, едукација на доктори и акушерки се само дел…

December 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

ФЗОМ ќе покрива до шест обиди за ин-витро оплодување 

Македонија застанува рамо до рамо со европските земји кои го признаваат правото на родителство како фундаментално човеково право. Воведуваме јавно…

July 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Уништени 100 килограми небезбедно месо во Куманово – казни од 100 до 1000 евра

Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во…

October 18, 2024
ЗДРАВЈЕ

Брз пораст на вирусот морбили во Јужна Каролина: Стотици во карантин

Државен епидемиолог посочи дека зголемувањето на случаите е резултат на патувањата за Денот на благодарноста и недостатокот од вакцинации

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?