Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лентите за М – ТАГ на патарините од полноќ само за електронски тагови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Лентите за М – ТАГ на патарините од полноќ само за електронски тагови
МАКЕДОНИЈА

Лентите за М – ТАГ на патарините од полноќ само за електронски тагови

Објавено June 14, 2026 15:13
Сподели
Сподели

Лентите означени за M -таг на патарините во државава од ноќеска ќе бидат наменети исклучиво за користење со електронски тагови, а непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот, укажува Јавното претпријатие за државни патишта.

Апелира до корисниците на услугите на наплатните станици повнимателно да ги следат информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање: наплата со MTAG, наплата со MCARD и наплата со CASH и MCARD. Со таа измена, вршењето на наплата со MCard на лентите за МTag се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.

Исто така, ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот кои се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите: зелена стрелка – означува активна (отворена) лента, како и црвен икс (X) – означува затворена лента.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Некогаш заедно лежеа во затвор: Аца Лукас ја праша Цеца дали се сеќава што правела во Швајцарија?
Следна Статија Трамп го слави 80. роденден со спектакл пред Белата куќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Директорот на БЈБ Јанев на генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, во фокус меѓународната полициска соработка

Во Глазгов, Шкотска – Обединетото Кралство денес започна четиридневното Генерално Собрание на ИНТЕРПОЛ кое ќе трае до 07.11.2024 година, на…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Шукова сака Ромите да продолжат да живеат во депонијата Вардариште и да ги трујат скопјани

Јас како директор на Дирекцијата за заштита и спасување и уште повеќе како човек, не се согласувам „преживувањето“ на неколку…

September 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во ауди криел 50 килограми марихуана

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера во близина на село Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Новиот кум и здравичарот за Бадник во Скопје велат чувството е убаво, возбудата е голема, радоста е уште поголема

Во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“ во месноста Краста на падините на Водно ќе…

December 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?