Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид
ЕКОНОМИЈА

Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид

Објавено March 27, 2026 13:11
Сподели
Сподели

Од 29 и 30 март „Визер“ воведува три нови авиолинии – до Милано, Неапол и Будимпешта. Мрежата на авиолинии на скопскиот аеродром се проширува со вкупно шест нови дестинации, а на охридскиот со четири.

Летниот распоред на летови од двата македонски аеродрома управувани од „ТАВ Македонија“ почнува престојниов викенд – в недела, 29 март, и со него ќе има вкупно 10 нови дестинации – шест нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје“: Неапол, Будимпешта, Палермо, Алгеро, Трабзон и Самсун, како и четири нови авиолинии од Аеродромот „Св. апостол Павле“ – Охрид: Милано, Виена, Вроцлав, Катовице.

– Сите 10 нови авиолинии што ќе бидат воведени со летниот распоред на летови на аеродромите во Скопје и Охрид оваа година претставуваат значаен чекор напред кон проширување на мрежата на дестинации. Тоа ќе овозможи подобра поврзаност на земјата со нови атрактивни градови, ќе отвори нови можности за туристички патувања за нашите ценети патници во заминување, места што беа многу барани и потребни, но во исто време ќе придонесе за дојдовниот туризам, со тоа тоа што странски туристи ќе доаѓаат во Македонија преку Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. апостол Павле“ – Охрид. Сезоната почнува со воведувањето на новата линија Милано – Охрид оваа недела на 29 март. Потоа, в понеделник, на 30 март, ќе почнат новите летови од Скопје до Неапол, а летовите од Скопје до Будимпешта ќе се вратат на редовниот распоред на летови. Уверен сум дека сите нови дестинации ќе создадат голем интерес кај патниците и ќе придонесат за континуитет на двоцифрениот пораст на патничкиот сообраќај што го бележиме од почетокот на 2026 година на двата македонски аеродрома“, изјави Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

На 29 март, недела, „Визeр“ ја воведува новата линија Милано – Охрид, а на 30 март авиокомпанијата ќе почне да лета од Скопје до Неапол како нова атрактивна дестинација во Италија, истовремено враќајќи ја редовната линија од нашиот главен град до главниот град на Унгарија – Будимпешта.

Од 2 и 3 јуни „Анадолија џет“ ќе го поврзе скопскиот аеродромот со Трабзон и Самсун, а од 15 и 18 јули „Визер“ ќе го поврзе главниот град на Македонија со Палермо (Сицилија) и Алгеро (Сардинија).

Во рамките на летниот распоред на летови за 2026 година, кој почнува кон крајот на март и завршува на крајот на октомври, 15 авиокомпании ќе летаат до 54 дестинации од Меѓународниот аеродром „Скопје“, вклучувајќи ги редовните летови преку целата година и сезонските летови, а истовремено седум авиокомпании ќе летаат до 24 чартер-дестинации, што е вкупно 78 дестинации од главниот град на земјата.

Од Аеродромот „Св. апостол Павле“ – Охрид, во летниот распоред на летови, осум авиокомпании ќе летаат до 17 дестинации, од кои 14 се редовни дестинации преку целата година и сезонски дестинации, а три се чартер-летови.

По воведувањето на новата авиолинија од Охрид до Милано, во јуни „Визер“ ќе почне да лета и од Вроцлав и Катовице до Охрид. Од 17 мај „Аустријан ерлајнс“ ќе почне со летови од Охрид до Виена. Претходно овој месец, на 17 март, „Визер“ веќе почна да лета од Охрид до Братислава.

„ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ аеродроми“, членка на групацијата ADP, ги заврши првите два месеца од 2026 година со 539.474 патници на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и на Аеродромот „Св. апостол Павле“ – Охрид. Ова е зголемување од 31 % на бројот на патници во споредба со истиот период во 2025 година. Во исто време, бројот на летови (3.766) порасна за 14 %.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Започна безбол лигата, еве на кого да се обложувате
Следна Статија Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Билал Суџубаши по осум години на чело на Халкбанк АД Скопје заминува на нова функција

По осум успешни години на чело на Халкбанк АД Скопје, главниот извршен директор Билал Суџубаши ја продолжува својата професионална кариера…

August 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Работиме сонот Македонија да биде домаќин на три раскрсници да стане реалност

Денеска за нас ова претставува значаен момент бидејќи после две години, буквално после две години, ветувања и празни муабети денеска…

October 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мемов: ПИОМ не бара зголемување на старосната граница за пензија

Линеарното зголемување е за усогласување со животниот стандард, вели директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов во неделното интервју на…

November 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје меѓу финалистите на Европскиот квиз за пари 2026

Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, ученичките Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје, под…

May 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?