Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби
ПОЛИТИКА

Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби

Објавено July 19, 2025 13:07
Сподели
Сподели

„Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација против Република Македонија, против Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и лично против премиерот Мицкоски“, изјави денеска Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Лефков тврди дека оваа операција се спроведува со употреба на класични хибридни методи: ширење лажни информации, конструирани афери, фабрикувани документи, лични и семејни дискредитации, како и злоупотреба на човечки трагедии и економски инсинуации.

Според ВМРО-ДПМНЕ, сите овие активности, кои се засилуваат по секој пораз на бугарската дипломатија во европските институции, се водат од мрежа на медиумски портали во Бугарија, зад кои стојат структури на бугарските служби и блиски кругови до националистичките партии. Во оваа мрежа се вклучени портали како Tribune.bg, Lupa.bg, Epicenter.bg, Pogled.info, како и стотици т.н. „mushroom“ веб-страници кои секојдневно сериски продуцираат лажни вести.

Сомнежите за постоење на такви дезинформациски мрежи се веќе документирани и од меѓународни извори. Лефков го спомна извештајот на DFRLab (Digital Forensic Research Lab), кој разобличи мрежа од стотици координирани портали со потекло од Бугарија, користени за ширење антизападни и антимакедонски наративи. Според нивниот извештај, тие функционираат преку субдомени и синхронизирани Facebook страници, со цел поддршка на агенди кои се косат со вредностите на демократијата, стабилноста и евроатлантскиот курс.

„Дел од овие содржини, за жал, ги преземаат и портали во Македонија блиски до СДС, а некои завршуваат и во традиционалните медиуми“, нагласи Лефков.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека оваа координирана операција нема идеолошка основа, туку е мотивирана од реваншизам и од очајот на бугарската политика што веќе ги нема своите „полтрони во Македонија“.

„Денес, кога Македонија има стабилна Влада и јасен став, станува јасно дека нема веќе бизниси, пасоши и тајни договори во замена за уставни промени и историски откажувања“, изјави Лефков. Тој додава дека по осудата на бугарските позиции во Европскиот парламент, активирана е старата мрежа на дискредитација.

Очигледна е и, според него, улогата на СДСМ, која „наместо да се дистанцира од ваквите деструктивни операции, продолжува да учествува во нив со замислата дека ако ѝ наштети на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се врати на власт. Но вистината е една: со ваквите постапки, СДС ѝ нанесува директна штета на Македонија.“

Лефков заклучи: „Се здружија сите домашни предавници, штом Бугарија доживеа тежок пораз во АФЕТ! Прво се појави Апасиев. Не им успеа! Па следуваше ново подбуцнување: Жерновски да биде полигонот преку кој ќе ја започнат новата тура на лаги против премиерот и Македонија. Но, нема да им успее. Македонскиот народ знае кој се бори за него, а кој тргува со туѓи агенди.“

Тој додаде дека „тие што ја предадоа и ја продадоа државата, сега, со истиот тој ѓон од образ со кој не потпишаа и не понижија, се осмелуваат да зборуваат за пасоши, против оној кој денес со сите сили се обидува да го заштити она што тие го уништија.“

ВМРО-ДПМНЕ апелира до јавноста, медиумите и институциите да ја сфатат сериозноста на оваа операција. „Ова не е борба против една партија, ова е безуспешен напад врз македонскиот идентитет, врз суверенитетот и врз правото на самостојна надворешна политика“, заврши Лефков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 6.000 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ МУ НЕДОСТИГААТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ Во тек е оглас за прием на 240
Следна Статија „Ситуацијата е критична“ – тревога во Хрватска поради ширење на антракс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Димитриевски објави убедливо водство во Куманово

Избори според скандинавски модел, ваква е оценката на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за денешниот изборен ден. Овој пат како…

October 20, 2025
ПОЛИТИКА

Лукровски објави слика со Мојсова, СДСМ ќе бара објаснување од кандидатката за Карпош

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски, вчера објави фотографија заедно со кандидатката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија…

October 31, 2025
ПОЛИТИКА

Пецаков најавува нови капитални проекти, дигитализација и еко-иницијативи за Охрид

Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, денеска претстави нова изборна програма со визија за модерен, дигитален, економски…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Бледи се обидите на Филипче да се искупи за предавството, прошка од народот нема да има

Реакција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по изнесените ставови на Венко Филипче: „Добро е што Венко Филипче конечно ги согледа состојбите…

June 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?