Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ливерпул му го исплатил целиот договор на семејството на Жота
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ливерпул му го исплатил целиот договор на семејството на Жота
СПОРТ

Ливерпул му го исплатил целиот договор на семејството на Жота

Објавено September 26, 2025 09:02
Сподели
Сподели

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека сопствениците на клубот, „Фенвеј Спортс Груп“, целосно го исплатиле остатокот од договорот на семејството на Диого Жота по неговата трагична смрт на почетокот на јули. Португалскиот напаѓач загина во сообраќајна несреќа во Шпанија заедно со својот брат Андре Силва.

Во времето на неговата смрт, Жота имаше уште две години од договорот со Ливерпул. Слот сега го потврди чинот на великодушност, откривајќи дека „ФСГ“ го исплатил целиот договор за да му помогне финансиски на семејството на починатиот играч.

„Реков колку сум горд на реакцијата на навивачите, но сопствениците… Сопствениците се најмногу критикувани, како и менаџерите, но начинот на кој се справија со оваа ситуација, плаќајќи им ги сите пари од договорот на неговата сопруга и деца… Можеби луѓето мислат дека е нормално, но не е во фудбалот“, нагласи тренерот на Ливерпул.

Претседателот на клубот, Том Вернер, неодамна зборуваше и за мерките што ги презеде клубот за поддршка на вдовицата на Жота, Руте Кардосо. „Тој беше извонредна личност. Беше сакан, не затоа што беше одличен стрелец. Беше сакан затоа што беше навистина љубезен“, рече Вернер.

„Секогаш е трагедија кога некој ќе почине пред време. Но, неговата смрт навистина ги погоди сите затоа што беше толку сакан. Веднаш ни беше важно да се обратиме до неговата вдовица и да се осигураме дека таа разбира дека сме семејство. Тоа е клише, но навистина се сметаме за семејство и сакавме да се осигураме дека таа е финансиски добро згрижена, како и нејзините деца“, додаде тој

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Нов пожар го труе Скопје: Пламна депонијата кај Арачиново – ДЗС вели дека пожарот е подметнат
Следна Статија Николоски за предлог резолуцијата на СДСМ: Сакаат да ги „исперат гревовите“ кои ги направија со бугарскиот диктат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

ФИФА му забрани регистрација на фудбалери на Тиквеш

Македонскиот прволигаш ГФК Тиквеш Кавадарци доби забрана од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за регистрација на нови фудбалери на меѓународно и…

May 8, 2026
СПОРТ

(Видео) Леброн најмлад и најстар играч со 40+ поени на еден натпревар

Леброн Џејмс постигна 42 поени, забележа 17 скока и осум асистенции за Лос Анџелес Лејкерс во победата над Голден Стејт…

February 7, 2025
СПОРТ

(Видео) Фудбалер остана без прсти по експлозија на петарда

Фабио Скијафино, фудбалер на белгискиот четвртолигаш КСЦТ Менен, останал без еден прст, а од уште два лекарите решиле да ампутираат…

October 22, 2024
СПОРТ

Ограбен е Мишел Платини- крадецот го разбудил откако му украл над 20 трофеи и медали

Францускиот фудбал беше потресен од веста за грабеж во домот на Мишел Платини, легендарниот играч, поранешен тренер и поранешен претседател…

July 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?