Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лидл е посветен на изградба на модерна, енергетски ефикасна и безбедна инфраструктура во согласност со меѓународните стандарди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Лидл е посветен на изградба на модерна, енергетски ефикасна и безбедна инфраструктура во согласност со меѓународните стандарди
Blog

Лидл е посветен на изградба на модерна, енергетски ефикасна и безбедна инфраструктура во согласност со меѓународните стандарди

Објавено May 30, 2025 19:38
Сподели
Сподели

Во соработка на „Лидл Македонија“, Министерството за транспорт и Стопанската комора на Македонија, во Скопје се одржа конференција „Бизнис-со-бизнис“ посветена на градежниот сектор и секторот за недвижности. Настанот ги собра клучните партнери и компании со кои Лидл активно соработува во процесот на имплементација на своите проекти низ целата земја.

Конференцијата ја отвори заменик-министерката за транспорт, г-ѓа Калтрина Зеколи-Шаќири, која изјави дека „инвестицијата на компанијата Лидл носи свежина на пазарот, отвора нови перспективи за економијата и претставува доказ дека Северна Македонија нуди одлични услови за одржлив развој и рамноправно партнерство меѓу државата и бизнисот“.


На конференцијата беа презентирани високите професионални стандарди што Лидл ги применува во сите сегменти од своето работење, почнувајќи од изборот на локација, дизајнот и изградбата на проектот, па сè до здравјето и безбедноста при работа, енергетската ефикасност и сертификацијата на објектите. Со јасни и транспарентни тендерски процедури, строг технички надзор и одржливи градежни решенија, Лидл покажува дека секој чекор на компанијата е во согласност со најдобрите европски практики.

„Лидл е сериозен инвеститор кој влегува на пазарот со јасна визија и долгорочна посветеност. Нашата стратегија вклучува континуирана изградба на модерна, енергетски ефикасна и безбедна инфраструктура низ целата земја“, изјави Рубријан Хаџиев, главен оперативен директор на Лидл Македонија.

Како дел од групацијата Шварц, најголемиот синџир на дисконти во Европа со присуство во 31 земја и над 12 000 продавници, Лидл носи стабилност, безбедност и модерен пристап во секоја фаза од развојот. Компанијата на глобално ниво вработува над 375 000 луѓе, а од 2022 година се префрли на зелена електрична енергија во своите капацитети.


На настанот беа истакнати и бројните партнерства со домашни и меѓународни компании – од агенти за недвижности, урбанистички планери и дизајнери, до градежни компании, консултанти, сертификациски тела и добавувачи. Овој колаборативен пристап овозможува испорака на сложени проекти од највисоко ниво, изградени врз квалитет и доверба.

Конференцијата беше заокружена со интерактивна сесија со прашања и одговори, како и можност за директна размена на идеи и поврзување со деловните партнери на Лидл.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Управата на Вардар се откажа од петмина фудбалери
Следна Статија Вучиќ најави предвремени избори: Убедливо ќе победиме, ни треба нова сила, нова енергија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

High On Life 2 Review – Contact High – Game Informer

High on Life 2 is the kind of game that you can put on, laugh at for a while, and…

February 15, 2026
Blog

Маркетите ќе имаат јавна веб страница каде ќе ги објават цените на производите?

Се разгледуваат неколку мерки за да се намалат цените на производите, но одлуката ќе се донесе по брифингот и анализата…

February 11, 2025
Blog

Aзески: Цените не можеме да ги ограничуваме со сила, тоа треба да го покаже пазарот

Повеќекратно зголемување на казната што сега е предвидена во Законот за нефер трговски практики се планира од наредната година, соопшти…

September 12, 2025
Blog

Рик Питино го брани Марк Поуп, смета дека NIL платниот список од 22 милиони долари е преувеличен

По втората голема загуба во неделава, Рик Питино го брани Марк Поуп и вели дека проценетиот NIL платен список од…

November 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?