Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лишени од слобода измамници од Велес – злоупотребувале лични податоци и ваделе брзи кредити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Лишени од слобода измамници од Велес – злоупотребувале лични податоци и ваделе брзи кредити
ХРОНИКА

Лишени од слобода измамници од Велес – злоупотребувале лични податоци и ваделе брзи кредити

Објавено June 27, 2025 16:18
Сподели
Сподели

На 26.06.2025 во 13.05 часот во Велес полициски службеници од СВР Штип и СВР Велес ги лишиле од слобода Д.К.(65) од Штип и 46-годишната Т.К. од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“. На 25.06.2025 во 17.20 часот во СВР Штип 47-годишна жена пријавила дека од страна на едно лице и било понудено работа преку интернет, за што оштетената испратила свои лични податоци, кои подоцна биле злоупотребени и во нејзино име било аплицирано за брз кредит, па на нејзина сметка од финансиско друштво биле уплатени 40.000 денари.

Потоа, телефонски и се јавило друго лице и од неа побарало да му ги врати уплатените пари, бидејќи наводно по грешка и биле уплатени на нејзината трансакциска сметка, по што таа се посомневала дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полициска станица. Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки од страна на полициски службеници за расчистување на случајот. На оштетената и се дадени обележани банкноти за да му ги даде на лицето кое и се јавило и побарало да ги предаде парите на лице кое ќе дојде со такси возило на локација во Велес. Откако ги предала парите, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.К., кој го управувал возилото и Т.К., која била во возилото.

Со нив е извршен службен разговор во просториите на СВР Велес, а по добиена судска наредба извршен бил претрес во домот каде престојува Т.К., при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривични дела. При извршениот службен разговор со Т.К., констатирано е дека истата во содејство со П.С., кој е на издржување на казна затвор во КПД Штип сториле повеќе кривични дела на истиот начин. Од страна на затворски службеници во КПД Штип извршен е претрес на П.С., од кого е одземен еден мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Расте бројот на жртви од насилство – Во првото тримесечје од годинава, има 391 новоевидентирани случаи
Следна Статија На чекор сме до дигитален паричник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопјанец пронајден починат, познат неговиот идентитет

На 30.03.2025 во 16:24 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Радишани, во патничко возило „мерцедес“, сопственост…

March 31, 2025
ХРОНИКА

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

На денешната редовна 55. седница, Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го…

October 17, 2024
ХРОНИКА

Уапсени три лица осомничени за подметнување на пожарот во Прилеп

Лишени од слобода три лица во Прилеп за предизвикување на општа опасност по чл.288 од кривичен Законик На 25.09.2025 во…

September 25, 2025
ХРОНИКА

Јахоски може да излезе од Шутка само ако депонира 72.000.000 денари, вели обвинителството

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се согласи на можноста за укинување на притворот за Асмир…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?